Премиерот на Русија позитивен на корона вирус


Премиерот на Руската Федерација Михаил Мишустин е позитивен на корона вирус.
Тој го известил претседателот Владимир Путин за својата состојба и ќе оди во самоизолација.
За вршител на должност премиер на Русија именуван е првиот потпретседател на Владата Андреј Белоусов.
Потсетуваме дека Мишустин стана руски премиер во јануари годинава, а на тоа место го замени Дмитриј Медведев.
Пред оваа функција беше на чело на Федералната даночна служба од 2010 година.