Чекирањето на аеродромите може да трае и до четири часа?


Илустрација
Откако ќе се укине карантинот, ќе се отворат границите и авионите повторно ќе почнат да летаат, чекирањето на аеродромите би можело да трае и до четири часа, предупредуваат стручњаците.
Процедурата може да трае толку долго поради медицинските прегледи.
Според британски Мирор, патниците би можеле долго да чекаат на чекирање, а се претпоставува дека во следните пет години ќе се случува тоа, пред работите да се вратат во нормала по пандемијата од корона вирус.
Авионската индустрија претрпе најголема штета откако сите комерцијални летови беа откажани поради пандемијата, а патниците по укинување на мерките ќе треба да се подготват за некомфорни услови на патување.
Патниците ќе мора да носат маски, а повеќето авиони ќе бидат пополнето до 20 отсто од капацитетот.
Според стручњаците, дури и вечерва да се открие вакцина на кпвид-19 ќе бидат потребни најмалку две години за работите да се вратат во нормала.
„Летовите ќе бидат ретки, малку места ќе бидат слободни, цените повисоки и ќе се патува под некомфорни услови поради носење заштитна опрема и социјалното дистанцирање“, сметаат стручњаците.