Макрон сака да го направи задолжително носењето маска во затворени простори


Во телевизиско интервју францускиот претседател Емануел Макрон ја оправда својата досегашна политика и насоките кон кои ќе работи новата реконструирана влада на Жан Кастекс, јави дописникот на МИА. Претседателот Макрон, се до годинава сметаше дека телевизиското интервјуто за националниот празник, воведено од Валери Жискар Д’Естен е нешто од минатото, но по жолтите елеци, протестите против […]

Меркел: Неопходно е единство на Европа кога светот се реорганизира


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Минхен истакна дека е неопходно единство на Европа сега кога светот повторно целосно се организира. Меркел, која како прва германска канцеларка присуствуваше на седницата на владата на покраината Баварија, на прес-конференција рече дека Европа значи „безбедност“ за Германија. Таа истакна дека сè што се случува во Брисел за време […]

САД го обновуваат издавањето визи


Американските амбасади и конзуларни претставништва ќе го обноват издавањето визи во најскоро време, соопшти денеска Стејт департментот, но не прецизира точна дата. Издавањето визи беше прекинато поради пандемијата со Ковид-19. Кога ќе се обнови издавањето визи ќе се одредува индивидуално од секоја Амбасада и Конзулат. Секоја мисија ќе ги обнови нормалните конзуларни услуги во индивидуален […]

По 35 дена на море заразени со корона 57 морнари, а пред тргнување сите биле негативни


Во Аргентина 57 морнари по 35 дена поминати на море се заразени од Ковид-19, иако пред пловидбата биле негативни на тестот. Рибарскиот брод се вратил во пристаништето откако некои морнари развиле симптоми кои одговараат на Ковид-19, соопшти аргентинското Министерство за здравство. Според Министерството, 57 од 61 член на екипажот сега се позитивни на коронавирусот. Сите […]

Цело хрватско министерство за наука во самоизолација


На сите функционери од хрватското Министерство за наука и образование, предводени од министерката Блаженка Дивјак, денеска епидемиолозите им наложија да се изолираат и да се тестираат за коронавирус, откако беше откриено дека државниот секретар од Министерството е позитивен на вирусот. Во соопштението од Министерството се вели дека министерката Дивјак ја добила оваа инструкција во консултација […]

Русија најави 200 милиони вакцини до крајот на годината


  Русија до крајот на годината ќе произведе 200 милиони дози вакцини против корона вирус, најави дирекоторот на рускиот Инвестициски фонд, Кирил Димитриев. Тој, во колумна за магазинот „Њузвик“ наведе дека вакцината ќе се произведува во партнерство со неколку земји. Додаде, дека според предвиденото, производството на вакцината моќе да достигне три милијарди дози. Агенцијата Тас, […]

Во различни вооружени инциденти во Њујорк, загинаа најмалку 17 лица


Во различни инциденти во текот на вчерашниот ден во Њујорк беа застрелани најмалку 17 лица, смртен биланс што би е висок за викенд, но „астрономски“ за понеделник, објави Њујорк Пост. Само во Бруклин се случиле 10 вооружени инциденти, во кои загинале 12 лица, на Менхетен се убиени две лица и по едно лице во три […]

Италија стравува од „увоз“ на „српски“ корона вирус


Италија се плаши од нов бран на Ковид-19 во источноевропските земји затоа што некои од нив, како Романија, се членка на Европската унија, додека во другите што не се членки на ЕУ, како што е Србија, е дозволен влез на територијата на Италија, наведува весникот „Република“. Италија, каде епидемиолошката крива постојано опаѓа, со загриженост го […]

Регистрирани нови 73 случаи во Австрија, еден починат


  Во Австрија, во последните 24 часа, регистрирани се нови 73 случаи со корона вирус, а едно лице почина. Повеќето новозаразени, овој пат, по подолго време, не се од регионот Горна Австрија, туку во Виена, каде има 38 случаи на новозаразнеи. Во моментот во Австрија има 1.163 активни заболени, од кои 83 се во болница, […]

Во Иран егзекутиран шпион поради соработка со ЦИА


Поранешен вработен во иранското Министерство за одбрана, кој продавал информации на американската Централна разузнавачка агенција, е егзекутиран минатата недела, потврди иранското Обвинителство. За време на последните неколку години од неговото работење во Министерството за одбрана, Реза Асгари соработувал со ЦИА и продавал информации за иранската ракетна програма. Асгари се пензионирал пред четири години. Портпаролот на […]

Јапонски пратеник призна дека примил пари од кинеска компанија


Пратеникот од јапонската владејачка Либерално демократска партија Такаки Ширасука, призна дека примил еден милион јени или 9.300 американски долари од кинеска компанија заинтересирана за влез на јапонскиот пазар на коцкарници. Локалните медиуми, повикувајќи се на извори упатени во случајот, објавуваат дека Обвинителството нема да поднесе обвинение за примање мито, бидејќи иако бил член на повеќепартиска […]

Врховниот суд на САД одобри извршување на федералните смртни казни


Врховниот суд на САД ги преиначи одлуките на пониските судски инстанци и денеска донесе одлука со која се овозможува извршување на првата смртна казна на федерално ниво после 17 години. Даниел Луис Ли, осуден на смрт во Арканзас за убиство на брачна двојка и нивната осумгодишна ќерка во 1996 година, вчера требаше да добие смртоносна […]

Ако стигне вториот бран, Швеѓаните беа во право


  Една земја доаѓањето на зимата ќе го дочека со значително помала загриженост од повеќето. Имено, како што пишува Телеграф, едно истражување од минатата недела покажало дека 30 отсто од Швеѓаните створиле имунутет на стадо на корона вирусот. Ако имунитетот на стадо им помогне како мерка за сузбивање на вирусот во текот на вториот бран, […]

Повторно се затвора Дизниленд во Хонг Конг


Забавниот Дизниленд парк во Хонг Конг повторно ќе биде привремено затворен, откако властите воведоа забрана за јавни собири на повеќе од четири лица. Властите во Хонг Конг вчера објавија нови мерки за заштита од коронавирусот, поради стравувањата од трет бран на епидемијата во градот. Рекреативниот парк ќе биде затворен утре, на неопределено време, но хотелите […]

Повеќето германски компании сакаат постојано да се работи од дома


Повеќе од половината компании во Германија, 54 проценти, сакаат работата од дома да остане постојана, според истражувањето на институтот ИФО и анкетата на професионалната мрежна мрежа „ЛинкдИн“ (LinkedIn), спроведена меѓу нејзините членови. – Кризата со коронавирусот може да биде поттик за постојан работен ангажман од дома, изјави Оливер Валк, директор на Центарот за индустриска организација […]

Во Индија за четири дена регистрирани 100.000 новозаразени лица со Ковид-19


Во Индија во последните четири дена се регистрирани повеќе од 100.000 новозаразени со коронавирусот, соопшти Министерството за здравство на земјата. Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 28.498 нови случаи, како и 553 починати. Од почетокот на пандемијата, во Индија има 906.752 заразени, 23.727 лица починале, а 571.000 се оздравеле. Во земјата до сега […]

Во САД нови 56.000 заразени со коронавирус за последните 24 часа


Во САД во последните 24 часа се пријавени нови 56.100 случаи на корона вирус. Со тоа вкупниот број на заразени се зголеми 3.361. 042 случаи, соопшти Унивезитетот Џон Хопкинс. Од Ковид-19 во САД во последното деноноќие умреле 377 лица, а вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 135.582, пренесе Си-Ен-Ен.

Вирусот побрзо се шири таму каде што владеат популисти


Двете најголеми земји во кои коронавирусот најбрзо се ширеше се Бразил и САД. А тие имаат едно заедничко нешто: ги водат популистички настроени мажи кои тврдат дека се против елитите и против естаблишментот. Претседателите Жаир Болсонаро и Доналд Трамп се вртат кон она што Даниел Зиблат, професор на универзитетот „Харвард“ и коавтор на книгата „Како […]

Борбен авион Ф-16 Вајпер на американски воздухопловни сили се урна при слетување


САД – Борбер авион Ф-16 Вајпер на американските воздушни сили се урна при слетување во воената база во Њу Мексико. Пилотот се катапултирал и успеал да се спаси, јави Би-Би-Си. Воени извори соопштија дека пилотот добил лекарска помош поради полесни повреди. Причините за инцидентот се истражуваат. Според Фокс Њуз, ова е петта несреќа на воен авион […]

Истражување: Пациентите по излекувањето од Ковид-19 патат од замор, тешко дишат….


Италија – Пациентите кои заздравиле од Ковид- 19, со недели, па и месеци, потоа продолжуваат да имаат последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болка во мускулите, некои сакаат да спијат по цел ден, а за некои е голем напор да се качат само еден кат, пишува он-лајн списанието „Јуроп тудеј“. Истражувањето го спроведоа лекарите […]