Хуан Карлос веќе ја напуштил Шпанија


Поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос веќе ја напуштил земјата кон непозната дестинација, неколку недели откако беше поврзан со истрагата за наводна корупција.

Хуан Карлос (82) го објави овој потег во понеделникот во писмото до неговиот син Фелипе, кому му ја предаде власта пред шест години.

Тој рече дека ќе биде достапен ако обвинителите треба да го испрашаат.

Во јуни Врховниот суд на Шпанија отвори истрага за наводната вмешаност на Хуан Карлос во договор за брза железница во Саудиска Арабија.

Поранешниот крал најверојатно веќе беше заминат кога писмото беше објавено во понеделникот, пренесува шпанскиот весник „Ел паис“. Не е јасно каде е Хуан Карлос, иако некои шпански медиуми јавуваат дека тој е во Доминиканската Република.

Тоа е понижувачко заминување за кралот, кој некогаш се чинеше дека ќе замине во историјата како лидер кој умешно ја водеше Шпанија од диктатура до демократија по смртта на генералот Франко во 1975 година,

Хуан Карлос абдицираше во 2014 година, по речиси 40 години како крал, по истрагата за корупција, во која се вмешани сопругот на неговата ќерка и контроверзното сафари за лов на слонови што монархот го направи за време на финансиската криза во Шпанија.

Во писмото, поранешниот монарх напишал дека тој ја донесува одлуката „поради реперкусиите во јавноста кои создаваат одредени минати настани во мојот приватен живот“ и со надеж дека ќе му дозволат на неговиот син да ги извршува своите функции како крал со „спокојство ”.

„Одлука што ја донесувам е со длабока емоција, но со голема спокојство“, се вели во писмото. (Би-би-си)