Бејрут: Во силната експлозија повредени сопругата и ќерката на либанскиот премиер


 

Сопругата и ќерката на либанскиот премиер Хасан Диаба повредени се во силната експлозија која денеска го потресе подраќјето недалеку од пристаништето на Бејрут, јавија арапските медиуми.

Арапската телевизиска станица „Ал Арабија“ наведува дека повредени се и неколку советници на премиерот Диаба.

Од експлозијата оштетена е и официјалната резиденција на претседателот на Либан, палатата Бабда. Од детонацијата уништени повеќе згради, како и Амбасадата на русија.

Различни извештаи пристигнуваат за жртви, а последните велат дека има 25 мртви и околу 2.200 повредени.

На местото на експлозијата имало складишта со експлозив, а не е позната причината.