Процент на млади заразени со Ковид-19 се зголемил за три пати


 

Младите кои ги полнат ноќните клубови и плажите се во врвот на растот на нови случаи на корона вирус низ целиот свет. Процентот на заразените од 15 до 24 години е за три пати поголем од пред пет месеци, соопшти Светската здравствена организација.

Анализата на СЗО од 6 милиони инфекции помеѓу 24 февруари и 12 јули покажа дека учеството на луѓето на возраст од 15-24 години се искачи од 4,5 на 15 проценти.

Надвор од САД кои се на чело на глобалната листа на инфекции со вкупно 4,8 милиони случаи, европски земјите, вклучително Шпанија, Германија и Франција и азиските земји, како и Јапонија, соопштија дека голем дел од новозаразените се млади.

Напливот во нови случаи, т.н. втор бран на инфекции, поттикна некои земји да наметнат нови ограничувања во патувањата.

Дури и земји како Виетнам, широко пофалени за напорите за ублажување, откако корона вирусот се појави кон крајот на јануари, се борат со нови кластери на инфекција.

Ентони Фаучи, водечкиот американски стручњак за заразни болести, ги повика младите луѓе минатиот месец да продолжат со социјално растојание, да носат маски и да избегнуваат гужва, и предупреди дека асимптоматските луѓе можат да го шират вирусот.

Навистина, здравствените експерти во неколку земји повикаа на слични мерки бидејќи известуваат дека заразената младина покажува неколку симптоми.

„Ова го кажавме пред тоа и ќе го кажеме повторно: младите луѓе не се непобедливи“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габрејесус, минатата недела. „Младите можат да бидат заразени; младите можат да умрат; и младите луѓе можат да го пренесат вирусот на другите“, рече тој. (Ројтерс)