Повозрасните Швајцарци ќе можат два часа да шетаат под надзор на полицијата


На повозрасните лица во швајцарскиот кантон Ур од денеска им е дозволено да излезат од своите домови само на два часа и тоа поради шетање на свеж воздух, а ќе бидат обезбедувани од полицијата. Одлуката е донесена откако припадниците на најчувствителната популација не ги почитуваа препопраките за ограничување на движењето поради сопствена заштита од епидемијата …

Повозрасните Швајцарци ќе можат два часа да шетаат под надзор на полицијата Read More »

Италија ја надмина Кина по бројот на смртни случаи од корона вирус


Бројот на смртни случаи од Ковид 19 во Италија го надмина бројот на жртви во Кина, во четвртокот, пишува Асошиејтед прес. Италија, со популација од околу 60 милиони, забележа најмалку 3.405 смртни случаи од корона вирус, што е за околу 150 повеќе отколку во Кина, земја со 20 пати поголема популација. Италија ја достигна поголемата …

Италија ја надмина Кина по бројот на смртни случаи од корона вирус Read More »

Пратеници со скафандери влегоа во бугарскиот Парламент


Пратениците од партијата Волја, Веселин Марешки и Кристина Таскова во Парламентот се појавија со заштитна облека, а пратениците од Бугарската социјалистичка партија побараа нивно отстранување со образложение дека дополнително ја влошуваат ситуацијата. Марешки истакна дека сите бугарски пратеници да преземат мерки против новиот корнавирус со цел да се заштитат себе си, своите блиски и бугарскиот …

Пратеници со скафандери влегоа во бугарскиот Парламент Read More »

Тепачки во супермаркетите во Германија за тоалетна хартија


Жестока кавга избила во супермаркет во северниот германски град Бремен откако клиентка одбила да прифати дека и е дозволено да купи само пакет тоалетна хартија, јави локалната полиција, цитирана од ДПА. Жената почнала да се кара со продавачката заради ограничувањето што е воведено заради епидемијата од коронавирусот, а потоа и ја удрила, пренесува агенцијата. Пријателот …

Тепачки во супермаркетите во Германија за тоалетна хартија Read More »

Заздравува бебето што се зарази со коронавирус во Бергамо


По две недели минати во болница заздравува новороденчето зарзено со коронавирус во Италија, јавија италијанските медиуми, додавајќи дека бебето е отпушено од клиниката во Бергамо. Машкото бебе е родено здраво на на 11 февруари, но на 3 март било примено во болница заради висока температура, по што се покажало дека и тоа и неговата мајка …

Заздравува бебето што се зарази со коронавирус во Бергамо Read More »

СЗО: Во Африка има „исклучително брз развој“ на пандемијата


Директорката на регионалната канцеларија на Светска здравствена организација во Африка, Мачидисо Моети изјави дека новиот коронавирус многу брзо се шири во Африка и се заканува континентот со население од 1,3 милијарди луѓе да го претвори во нов фронт против пандемијата. – Пред десетина дена имаше само околу пет држави со вирус. Сега во 35 од …

СЗО: Во Африка има „исклучително брз развој“ на пандемијата Read More »

Шпанија вработува 50.000 здравствени работници


Поради порастот на инфицирани луѓе од Ковид-19 во Шпанија на работа ќе бидат вратени пензионираните лекари и медицински сестри, а ќе се вработуваат и студентите по медицина, кои се последна година на факултет. Во Шпанија вчера се регистрирани 4.360 новозаразени со новиот коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 18.077 лица. Додека вчера починаа 66 пациенти …

Шпанија вработува 50.000 здравствени работници Read More »

Како австрискиот скијачки рај го рашири вирусот низ Европа


Кога локалните власти сфатија дека тиролското гратче Ишгл е центар на епидемијата веќе беше доцна. Алчноста за профит во местото наречено „Ибица на Алпите“ го загрози здравјето на илјадници и илјадници европски туристи   Австрискиот џет сет, кој се сели од забава на забава, го слави малото тиролско место Ишгл како „бел зимски сон“. За …

Како австрискиот скијачки рај го рашири вирусот низ Европа Read More »

Половина од респираторите во светот се произведени во Ирска


Околу половина од респираторите произведени во светот се направени во Ирска, главно од компанијата „Медтроник“, соопштуваат ирските медиуми. Компанијата моментно има 250 вработени во својот производствен производ за респиратори и планира повеќе од двојно да го зголеми тој број со пренесување на персоналот од други места и со ангажирање на дополнителен број вработени за зголемување …

Половина од респираторите во светот се произведени во Ирска Read More »

Бројот на смртните случаи во Италија ги надмина оние во Кина


Бројот на жртви на корона вирус во Италија ги надмина оние во Кина: 3.405 смртни случаи, што претставува зголемување во однос на средата за 427. Во Кина, досега се регистрирани 3.245 жртви. Бројката ја обелодени комесарот за вонредни состојби Анџело Борели на дневната прес-конференцијата. Бројот на смртните случаи вчера беше 475. Бројот на заразените денеска …

Бројот на смртните случаи во Италија ги надмина оние во Кина Read More »

И принцот Алберт од Монако заразен од корона вирусот


Принцот Алберт од Монако е тестиран позитивен на корона вирусот, но неговото здравје не е загрижувачко, соопштија од неговата канцеларија во четвртокот. „Принцот Алберт продолжува да работи од канцеларијата во неговите приватни апартмани“, се вели во соопштението.

Канцеларката Меркел, корона-револуцијата и ние


Германија– Канцеларката Ангела Меркел оцени дека пандемијата на коронавирус е најголем предизвик по Втората светска војна. Тоа не е преувеличување, смета Мартин Муно.      „Од германското обединување, не, од Втората светска војна за нашата земја немало поголем предизвик, при кој толку многу зависи од наше заедничко солидарно постапување.“ Германската канцеларка Ангела Меркел не е човек …

Канцеларката Меркел, корона-револуцијата и ние Read More »

Азиските земји се соочуваат со втор бран на зараза, но со случаи од странство


Јужна Кореја, Кина и Сингапур се меѓу азиските земји кои се соочуваат со втор бран на новиот коронавирус, поттикнат од луѓето што од странство влегуваат во тие земји, јави Би Би Си.. Кина, каде се појави вирусот, вчера потврди дека нема нови домашни случаи, првпат од почетокот на епидемијата. Меѓутоа, пријави нови 34 случаи меѓу …

Азиските земји се соочуваат со втор бран на зараза, но со случаи од странство Read More »

Италија во карантин и по 3 април, крематориумот во Бергамо не може да постигне


Италија ќе остане во карантин и по 3 април, за да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте. Трети април беше првобитниот рок. Конте за „Кориере дела сера“ рече дека мерките ќе бидат продолжени, а со нив се налага затворање на училишта, универзитети, ограничување на движењето, пренесе Ројтерс. Според актулните …

Италија во карантин и по 3 април, крематориумот во Бергамо не може да постигне Read More »

Прв смртен случај од коронавирус во Москва


Во Москва починала повозрасна жена кај која бил дијагностициран коронавирус. имала 79 години и била хоспитализирана на 13 март. Прво се лекувала во приватна болница, а потоа била пренесена во државна болница за заразни болести. Во московската болница за заразни болести пациентката примала сложена респираторна терапија и била во изолација. Оваа 79-годишна старица исто така имала …

Прв смртен случај од коронавирус во Москва Read More »

 Младите не се толку отпорни на коронавирусот колку што се веруваше


Последните податоци од Европа и САД покажуваат дека младите, полнолетни лица, не се толку отпорни на новиот тип на коронавирус, како што првично се мислеше. Според податоците на компанијата Статиста, покажуваат дека речиси четвртина од приближно 28.000 заразени во Италија, се на возраст од 19 до 50 години, пренесува Блумберг. Податоците на американскиот Центар за …

 Младите не се толку отпорни на коронавирусот колку што се веруваше Read More »

ЕК ќе создава итна помош за медицинска опрема


Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, денеска најави дека европските служби ќе го прилагодат механизмот за поддршка за да вклучува и медицинска опрема, јави дописничката на МИА од Брисел. Станува збор за ‘rescEU’ алатка, која од сега ќе создава резерви на лична медицинска опрема како маски и ракавици, но и друг вид на медицинска опрема …

ЕК ќе создава итна помош за медицинска опрема Read More »

Урсула фон дер Лајен ќе биде тестирана за коронавирус


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде тестирана за новиот вирус, предизвикувач на болеста Ковид-19, откако претходно денеска главниот преговарач на ЕУ со Велика Британија за Брегзит,  Мишел Барние, самиот потврди дека е заразен. Веста ја соопшти портпаролот на Комисијата, јавија агенциите. Тој забележа дека засега Фон дер Лајен нема никакви …

Урсула фон дер Лајен ќе биде тестирана за коронавирус Read More »

200 мртви во еден ден во Шпанија од Ковид-19


Министерството за здравство на Шпанија во четвртокот соопшти дека бројот на починати од епидемијата на корона вирус порасна за 209 во однос на претходниот ден и сега вкупниот број жртви изнесува 767. Вкупниот број на случаи на корона вирусот се искачи на 17,147 во четвртокот. Во средата, во Шпанија имало 13.716 случаи.

Холандскиот министер за здравство колабира во Парламентот


Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс (56) денеска се онесвести во Парламентот. Тој  колабира на говорница додека слушаше прашање од пратеник, а помош му пружија присутните министри. – Уморот се наталожи изминатите недели, но сега се чувствувам подобро. Одам дома да се одморам за утре да продолжам да се борам против коронавирусот, истакна Бруинс во …

Холандскиот министер за здравство колабира во Парламентот Read More »