Половина од респираторите во светот се произведени во Ирска


Околу половина од респираторите произведени во светот се направени во Ирска, главно од компанијата „Медтроник“, соопштуваат ирските медиуми.

Компанијата моментно има 250 вработени во својот производствен производ за респиратори и планира повеќе од двојно да го зголеми тој број со пренесување на персоналот од други места и со ангажирање на дополнителен број вработени за зголемување на производството во три смени.

„Медтроник“ соопшти дека веќе го зголемила производството за 40 отсто поради огромната побарувачка во светот и тоа е „повеќе од двојно од својот капацитет“ за производство.

Додека побарувачката го надминува снабдувањето на глобално ниво, „Медтроник“ рече дека ќе даде приоритет на снабдувањето во „областите со висок ризик/високи потреби“ на неделна основа.

Во Германија, која има 25.000 респираторни машини на 82 милиони жители, владата неодамна побара од локален производител да произведе дополнителни 10,000 машини.

Меѓутоа, другите земји не се толку добро опремени. Во Италија, во која има 35.000 случаи на „Ковид-19“ и 3.405 смртни случаи до денеска, здравствените власти потврдија недостаток на респиратори и ги предупредуваат другите земји да се се снабдат со резервни.