Урсула фон дер Лајен ќе биде тестирана за коронавирус


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде тестирана за новиот вирус, предизвикувач на болеста Ковид-19, откако претходно денеска главниот преговарач на ЕУ со Велика Британија за Брегзит,  Мишел Барние, самиот потврди дека е заразен.

Веста ја соопшти портпаролот на Комисијата, јавија агенциите.

Тој забележа дека засега Фон дер Лајен нема никакви симптоми на заболувањето.

Фон дер Лај последен пат се сретнала со Барние пред околу две недели, прецизираше тој.

Според него, сите вработени во ЕК, кои биле околу Барние, биле посоветувани да ги преземат неопходните мерки за самоизолација.
-Засега работата нормално продолжува, додаде портпаролот на ЕК.