Бројот на смртните случаи во Италија ги надмина оние во Кина


Бројот на жртви на корона вирус во Италија ги надмина оние во Кина: 3.405 смртни случаи, што претставува зголемување во однос на средата за 427. Во Кина, досега се регистрирани 3.245 жртви. Бројката ја обелодени комесарот за вонредни состојби Анџело Борели на дневната прес-конференцијата. Бројот на смртните случаи вчера беше 475.

Бројот на заразените денеска изнесуваше 33.190, вчера тој број беше 28.710, што значи дека зголемувањето е 4.480. Вкупниот број на инфицираните – и оние што се починаа и оние што се излекувани изнесува 41.035. Досега се излекувани 4.440 лица, што е зголемување за 415 во однос на вчера