Италија ја надмина Кина по бројот на смртни случаи од корона вирус


Бројот на смртни случаи од Ковид 19 во Италија го надмина бројот на жртви во Кина, во четвртокот, пишува Асошиејтед прес.

Италија, со популација од околу 60 милиони, забележа најмалку 3.405 смртни случаи од корона вирус, што е за околу 150 повеќе отколку во Кина, земја со 20 пати поголема популација.

Италија ја достигна поголемата бројка, на истиот ден кога Вухан, кинескиот град каде најпрво се јави корона вирусот пред три месеци, не забележа ни еден нов случај на зараза од корона вирусот. Ова покажа дека драконските мерки за изолација, во комунистичката земја се покажаа поефикасни во справување со вирусот.

Во четвртокот, претставниците на Црвениот крст од Кина во Италија ја критикуваа оваа европска земја дека потфрлила во правилно спроведување на карантинот.