200 мртви во еден ден во Шпанија од Ковид-19


Министерството за здравство на Шпанија во четвртокот соопшти дека бројот на починати од епидемијата на корона вирус порасна за 209 во однос на претходниот ден и сега вкупниот број жртви изнесува 767. Вкупниот број на случаи на корона вирусот се искачи на 17,147 во четвртокот. Во средата, во Шпанија имало 13.716 случаи.