Петкратно зголемување на бројот на невработени во Русија


Бројот на официјално невработени во Русија во последните шест месеци е зголемен за пет пати, изјави денеска рускиот министер за труд Антон Котјаков. Во моментов во Русија официјално има 3,6 милиони невработени, споредено со 727.000 во март, соопшти Котајаков во изјава за руските медиуми. Руската економија бележеше пад на активноста и пред пандемијата на коронавирусот, […]

Балтичките земји воведоа санкции за Лукашенко и други белоруски функционери


ВИЛНУС – Литванија, Летонија и Естонија во понеделникот воведоа патни забрани за претседателот Александар Лукашенко и 29 други белоруски официјални претставници, во акција за наметнување санкции пред остатокот на ЕУ. Трите балтички држави се на чело на повиците до Западот да преземе поцврсти активности против Лукашенко, кој е обвинет дека ги лажирал изборите за да […]

(Видео) Тројца загинаа во експлозии во ресторани во Абу Даби и во Дубаи


  Тројца загинаа , а неколкумина се повредени во две одвоени експлозии во престолнината на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби и во туристичкото средиште, Дубаи, наведуват полицијата и локалните медиуми. Владината канцеларија за односи со медиуми во Абу Даби соопшти дека две лица загинале во експлозијата која се случила во ресторанот Ка-еф-це во улицата „Рашид […]

ЕУ за глобална покриеност со вакцини


Европската комисија ќе одвои 400 милиони евра во рамки на меѓународниот механизам Ковакс за помош при купување и испорака на дози на идни вакцини против Ковид-19 за земјите со низок и среден приход. Проектот „Ковакс“, кој заеднички го водат Гави, Алијансата за вакцини, Коалицијата за иновации во подготвеноста за епидемија (ЦЕПИ) и СЗО, има за […]

Индија станува нов епицентар на корона вирусот во светот


Индија брзо станува нов епицентар на коронавирусот во светот, поставувајќи рекорд за најголемо дневно зголемување на случаи на новозаразени. Експертите предвидуваат дека наскоро ќе го надмине Бразил, а, во некој момент, и САД, како најголемо жариште на епидемијата на светот. Според најновите податоци, вчера се регистрирани 78.761 нови случаи, што е најголем број новозаразени во […]

Орбан со декрет забрани влез на странци во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде декрет со кој се забранува влез на странци во земјата, со неколку исклучоци. Забраната, која денеска беше објавена во Службен весник на таа земја, ќе стапи во сила утре, а беше најавена минатиот петок. Исклучоци се однесуваат на владини функционери кои организираат официјални настани, приматели на медицински услуги, странски студенти […]

Либанските лидери именуваа фаворит за премиер пред посетата на Макрон


Либанскиот амбасадор во Германија Мустафа Адиб би можел да стане новиот премиер на земјата, откако синоќа доби поддршка од сунитските политичари. Адиб го именуваа четворица поранешни премиери пред почетокот на консултациите меѓу претседателот и парламентарните блокови за кандидат за оваа функција. Поддршката за Адиб беше објавена пред денешната посета на францускиот претседател Емануел Макрон кој […]

НРА: Ако победи, Бајден ќе ги лиши Американците од слободно користење оружје


Поранешниот потпретседател Џо Бајден ќе ги лиши Американците од правото да купуваат и користат огнострелно оружје, соопшти синоќа на Твитер Националната стрелачка асоцијација (НРА), најстарата невладина организација во САД која се бори за почитување на Вториот амандман. Во серија од твитови на НРА, влијателна сила во политичкиот и медиумскиот простор на САД, се посочува дека демократскиот претседателски кандидат има […]

Џонс Хопкинс: Во САД има близу шест милиони луѓе заразени со коронавирусот


САД – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во САД се доближува до шест милиони. Според универзитетот Џонс Хопкинс, најмалку 5.969.916 луѓе се заразени, а најмалку 182.841 лице починале од коронавирусот. САД се први во светот по бројот на заразени и починати од коронавирусот.

Кина 15-ти ден без локална трансмисија на коронавирусот


Кина – Кина пријави 17 нови случаи на Ковид-19, додека претходниот ден имаше девет, соопшти денеска Националната здравствена комисија. Сите нови случаи на заразени се потврдени кај патници од странство, така што Кина го регистрира 15-от ден без локално пренесени случаи на заразата. Бројот на пријавени асимптоматски случаи е 19, додека претходниот ден имаше четири. Во Кина од […]

Жозеп Борел повика на нови избори во Белорусија под глобален надзор


Шефот за надворешна политика на ЕУ повика на нови избори во Белорусија под надзор на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. „Најдоброто решение би било да се повторат изборите под контрола на ОБСЕ“, напиша Жосеп Борел во колумна за францускиот весник „Журнал ди диманш“. „Во меѓувреме, не можеме само да ги изразиме своите грижи; […]

Мртва трка на изборите во Црна Гора


Додека се очекуваат првите резултати од денешните парламентарни избори во Црна Гора Центарот за мониторинг и истражување (ЦеМИ) објави дека податоците од  49,8 проценти од изборниот примерок се води мртва трка меѓу власта и опозицијата. Според првите проценки на ЦеМИ, листата на владејачката партија „ДПС – одлучувачки за Црна Гора Мило Ѓукановиќ“ има 34,2 проценти, […]

Штајнмаер: Немирите пред Бундестагот се напад врз срцето на нашата демократија


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ги осуди немирите на екстремната десница и обидот да се пробијат во зградата на Парламентот за време на протестот против мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот. – Знамињата на германскиот Рајх и немирите на крајната десница пред Бундестагот претставуваат недозволив напад врз срцето на нашата демократија. Ние никогаш нема […]

Путин му се јавил на Лукашенко да му го честита роденденот


Десетици илјади луѓе повторно демонстрираат во Минск и покрај заканите на полицијата   Десетици илјади демонстранти во Белорусија се спротивставија на заканите од властите со тоа што маршираа низ центарот на Минск, повторно изразувајќи барања авторитарниот претседател на земјата, Александар Лукашенко, да се повлече. По две недели во кои опозицијата одржа огромни митинзи во Минск, […]

Бројот на случаите на Ковид-19 во светот надмина 25 милиони


Бројот на глобални случаи со Ковид-19 надмина 25 милиони (според универзитетот „Џон Хопкинс“). Од вирусот починале повеќе од 842.700 луѓе. Индија забележа 78.761 нови случаи во неделата, најголем пораст во еден ден на бројот на случаи регистрирани каде било во светот. Рекордот претходно беше поставен од САД, кои пријавија 77.638 нови случаи на 17 јули. […]

Кој може да го замени Лукашенко во Белорусија?


Победата во борбата за слободни избори би била само почеток   Марија Садоуска-Комлач ВАРШАВА – Протестите во Белорусија предизвикаа трескавични дебати за потенцијална транзиција на власта во Минск. Но, прашањето кој би го заменил повеќедеценискиот владетел на земјата Александар Лукашенко и да добие поддршка од мнозинството Белоруси е далеку од јасно. По повеќедецениско автократско владеење […]

Најмалку 29 жртви во урнатиот ресторан во Кина


Властите потврдија дека завршила операцијата за спасување на жртвите од несреќата што се случи вчера во Кина, кога се урна двокатен ресторан за време на роденденската прослава. Во несреќата загинаа 29 лица, а повредени се 28 луѓе од кои седуммина се во критична состојба. Несреќата се случи вчера претпладне кога двокатен ресторан во село на северот на Кина се урнал за време на прославата на 80-от роденден […]

Италија: Поплави, силен ветер на север и пожари на југ


Централниот и северниот дел на Италија ги зафати невреме со силен ветер, обилни врнежи и молњи, а реките и потоците надојдоа преку ноќ се излеаја од коритата и поплавија патишта, куќи и подруми. Во туристичкиот камп „Маша Марина“, на брегот на Тиренското Море, ветерот собори дрво високо четири метри кое падна на шатор во кој било петчленото семејство. Тригодишно […]

Едно лице е убиено за време на улични судири во Портланд


Едно лице е убиено со огнено оружје за време на судирите што избувнаа синоќа на улиците на американскиот град Портланд меѓу приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп и демонстрантите од движењето „Црните животи се важни“. Судирите и физичките пресметки меѓу демонстрантите и приврзаниците на Трамп, кои се движеа во колона од околу 600 возила, се случија во […]

Ердоган отвори технолошки центар и 40 фабрики низ Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, порача дека е одлучен Турција да ја направи глобален производствен и технолошки центар, јави агенцијата Анадолија. Ердоган присуствуваше на свеченото отворање на технолошкиот центар МЕСС во Истанбул, во чии рамки преку видеоконференција беа отворени уште 40 фабрики низ цела Турција. – Се надеваме дека со овој центар, кој е реализиран […]