Брисел е новото европско жариште


 

Дневниот просек на новозаразени со вирусот Ковид-19 во последната седмица во Брисел е 2.305 односно 340 инфицирани на 100.000 жители.

Во прашање е пораст од 460 дневно инфицирани во однос на средината на септември што Брисел го става на прво место како жариште на епидемијата во Белгија.

Цела Белгија поради драстичниот пораст на новозаразени со корона вирус минатата недела е ставена во „црвена“ зона на ЕУ ковид -19 мапата до предупредување на тренд на „висок ризик“ од зараза.

Истовремено, СОветот за национална безбедност одлучи од 1 октомври да ги намали постоечките рестриктивните мерки така што Белгијците повеќе не се обврзани да носат маски секаде, а траењето на задолжителен карантин од 14 се скуси на седум дена во случај на негативен тест.

Белгиските национални власти ваквите мерки ги образложуваат со потребата од воведување стратегија која ќе биде одржлива на подолг период, а која подразбира „што е можно повеќе нормализирање на постоечката ситуација“ и живтите на граѓаните во ситуација кога не се гледа крај на епидемијата.

Од друга страна, властите од Брисел воведоа построги мерки од оние кои важат на национално ниво.

Во сите 19 бриселски комуни граѓаните надвор ќе мора постојао да имаат заштитна маска која ќе мора да ја носат кога надвор ќе се најдат во поголема група на преполни улици.

Работното време на баровите е намалено до 23 часот, забрането е собирање на повеќе од 10 луѓе меѓу 23 и 6 часот, сите продавници со храна мора да бидат затворени до 22 часот, а забранета е и конзумацијата на храна на градските пазари.

Во Белгија од почетокот на епидемијата вкупно се потврдени 112.803 случаи до Ковид-19.

Вкупниот број смртни исходи порасна на 9.974 со прсечно четири смртни случаи дневно.

Поради инфекциите од корона вирус и мерките на карантин во Брисел минатата недела се откажа самитот на ЕУ лидерите како и состанокот на делегацијата на Белград и Приштина во рамки на дијалогот за нормализирање на односите.