Русија забележа најголем пораст во последните три и пол месеци


Во последните 24 часа во Русија, 8.135 лица се разболеле од вирусот, што е најголем број случаи во еден ден од 16 јуни, а починале 61 лице.

Така, вкупниот број на пациенти се зголеми на 1.159.573, пренесува „Тас С“.

Бројот на смртни случаи е помал од вчерашниот, а најнизок во последните две недели, се наведува и се додава дека 20.385 лица починале од вирусот од почетокот на пандемијата.