Комплетен карантин во Велика Британија?

Британската влада има намера да воведе целосен карантин во поголемиот дел од северна Велика Британија, а можеби и во Лондон, со цел да се бори против вториот бран на коронавирус.

Според Ројтерс, новите мерки предвидуваат затворање на сите пабови, ресторани и барови на две недели. Претходно оваа недела, премиерот Борис Џонсон изјави дека воведувањето на ограничувачки мерки ќе ги загрози работните места, секојдневниот живот на граѓаните и контактите со луѓето.

„Тајмс“ наведува дека ќе бидат забранети и состаноци на членови на различни домаќинства во затворени простории.

Ројтерс потсетува дека Велика Британија минатата недела воведе мерки со кои се бараше сите вработени кои можат да работат од дома да го сторат тоа и дека рестораните и баровите се затвораат рано, со цел да се спречи ширењето на вториот бран ковид-19.

Овие мерки се очекува да бидат во сила шест месеци.

Училиштата и продавниците можат да работат, како и фабрики и компании каде работниците не можат да работат од дома, наведува Тајмс, повикувајќи се на висок извор од владата.