Реално шоу во болницата „Валтер Рид“ – Трамп потпишувал празни хартии


Иако е потврдено дека има коронавирусна инфекција, Доналд Трамп беше фотографиран во медицинскиот центар „Валтер Рид“ додека потпишуваше „важен документ“ за да му покаже на светот дека сè уште работи напорно, но се покажа дека американскиот претседател всушност не потпишал ништо затоа што хартијата на неговото биро била – празна! Ова го забележаа корисниците на […]

Пронајден мртов познат норвешки антиисламски десничар


Во својот дом во норвешкиот град Кристијансанд е пронајден мртов Дан-Аивинд Лид (48), член на антиисламската крајно десничарска група СИОН, јави норвешката телевизија НРК. Претставникот на полицијата во Кристијансанд, Хенрик Буган Хегдал, соопшти дека Лид на телото имал повреди и дека полицијата почнала истрага за сомнение за убиство. Еивинд Лид во август годинава учествуваше во […]

Меланија нема да го посети Трамп за да не го зарази персоналот


САД – Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, која исто така е заразени со коронавирусот, нема да го посети својот сопруг во болница поради ризик за вработените. Првата дама на САД остана во Белата куќа, јави Ен-Би-Си Њуз. – Таа има ковид. Нешто такво би ги изложило агентите што ја возат и медицинскиот персонал кој […]

Нобелова награда за медицина за тројца научници за откривање на вирусот на хепатитис Ц


Шведска– Нобеловата награда за медицина годинава им припадна на Харви Алтер, Мајкл Хаутон и Чарлс Рајс за откривање на вирусот на хепатит Ц, објави Нобеловиот комитет на Шведската кралска академија на науките. Светската здравствена организација проценува дека има над 70 милиони случаи на хепатитис ширум светот и 400 000 смртни случаи секоја година. Болеста е […]

Во Италија 1.000 ученици заразени со корона вирус


  Во последното деноноќие во Италија забележан е благ пад на бројот новозаразени во однос на претходниот ден, но најверојатно тоа се должи на тоа што за викенд се вршат помалку тестирања. Има благ пад и на бројот починати, имено вчера починале 18 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Италија вкупно се заразени 325.329 лица, […]

Ирците планираат воведување четиринеделен карантин


  Највисоките ирски здравствени функционери препорачаа до владата да воведе втор национален карантин во земјата во траење од четири недели, за што владата треба да расправа во понеделник, велат два владини извори. Посебен ирски тим од Заводот за јавно здравство препорачува ограничувањата поврзани до Ковид-19 да се подигнат на 5-то ниво од сегашното второ, во […]

Трамп лут на шефот на кабинет на Белата куќа поради изјава за неговата здравствена состојба


Американскиот претседател, Доналд Трамп, му бил многу лут на шефот на кабинет на Белата куќа, Марк Медоуз, затоа што ги демантирал тврдењата на медицинскиот тим на Белата куќа за неговата здравствена состојба. Си-Ен-Ен дозна дека Медоус од два извора е опишан како „доверливиот анонимен извор во Белата куќа“, кој, во неформален разговор со новинарите, изразил […]

Урсула фон дер Лајен во самоизолација


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е  во самоизолација откако неодамна имала контакт со лице заразено со Ковид-19, напиша денеска самата на Твитер, пренесе ДПА. „Ме известија дека на состанокот на кој учествував минатиот вторник присуствувало и лице кое од вчера е позитивно на Ковид-19“, напиша таа. Фон дер Лајен напиша и дека […]

Случајот со Трамп покажува дека политичарите мора да бидат сериозни со пандемијата


Политичарите мора посериозно да ја сфатат пандемијата на Ковид-19 и да престанат да ги намалуваат нејзините здравствени ризици, порача германскиот министер за економија, Питер Алтмајер, откако американскиот претседател, Доналд Трамп,пред неколку дена се зарази со коронавирусот. Британските медиуми потсетуваат дека американскиот претседател поголемиот дел од годината го мина во минимизирање на ризиците од пандемијата на […]

Градоначалникот на Њујорк најави враќање на построги епидемиолошки мерки


Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави можност за враќање на построги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, како на пример затворање на училишта, ресторани и продавници, кои не се најнеопходни во девет квартови на Бруклин и Квинс, каде бројот на новозаразени од Ковид-19 е во голем пораст. – Предлагам од 7 октомври […]

Нов Зеланд повторно го победи корона вирусот


  Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, најави укинување на мерките воведени во окленд поради рузбивање на вториот бран од корона вирусот, тврдејќи дека нејзината земја повторно го победила вирусот. Нов Зеланд во мај потполно го сопре првиот бран од заразата благодарение на строгите мерки, а земјата забележа низа од 102 дена без новозаразен. Но, […]

Чешка воведе вонредна состојба – средните училишта затворени оти имаат најмногу заболени од Ковид-19


Во услови на пандемија на Ковид-19 и неодамнешен наплив на случаи на корона вирус, Чешка од денеска е во вонредна состојба. Чешкиот министер за здравство Роман Примула информираше за одлуката на владата од минатата недела, наведувајќи дека таа ќе биде помалку строга во споредба со порано. „Вонредната состојба ќе ни овозможи брзо да одговориме на […]

Париз воведува делумен локдаун, од утре се затвораат баровите


Почнувајќи од утре, Париз воведува највисок степен на мерки за спречување на ширење на корона вирусот, што значи дека во следните две недели се затвораат сите барови, а рестораните ќе мора да спроведат нови заштитни мерки за да останат отворени, соопшти канцеларијата на францускиот премиер Жан Кастес. Кабинетот на Кастекс соопшти дека на подрачјето на […]

Што ако кандидатот за претседател на САД почине или се повлече од трката?


Ниту еден кандидат на претседателските избори во САД досега не починал или морал да се повлече од трката олку близу до изборите, но хоспитализацијата на претседателот Доналд Трамп поради коронавирус на само еден месец пред изборите на 3 ноември покрена прашања за тоа што би се случило ако се случи тоа. Трамп има 74 години, […]

(Видео) Трамп излезе од болницата за да ги поздрави приврзаниците, лекарите шокирани


Американскиот претседател Доналд Трамп излезе од болницата да ги поздрави своите приврзаници кои се собраа пред неа во знак на поддршка. Тој помина крај своите приврзаници во неговиот автомобил во колоната возила и им мавташе од зад прозорецот. Луѓето го дочекаа неговото доаѓање со силни извици и мавтајќи, а кога автомобилот на Трамп се врати […]

Трамп со нова видео порака: Научив многу за Ковид-19, ова е вистинско училиште


Американскиот претседател Доналд Трамп, сними нова, втора видео порака до Американците откако пред три дена излезе позитивен на коронавирусот и веднаш беше сместен во воената болница „Валтер Рид“, затоа што почнал да ги чувствува симптомите на болеста, јавија светските агненции. Трамп во неа порачува дека во болницата научил многу за Ковид-19, дека ова што му […]

Папата Францискo вели дека пазараниот капитализам не успева во пандемија


Папата Франциско изјави дека пандемијата на коронавирус покажала дека „магичните теории“ на пазарниот капитализам не успеале и на светот му е потребен нов вид на политика, која промовира дијалог и солидарност, а ја отфрла војната по секоја цена. Пораката на папата е дел од најновата енциклика „Фратели тути“ (Сите сме браќа), во чија суштина се […]

Паника и конфузија во Белата куќа


Загриженоста се зголемува околу ширењето на вирусот во зградата и дали тоа може да го наруши функционирањето на владата   ВАШИНГТОН – Златното есенско сонце го осветли Вашингтон во саботата за да го илуминира главниот град на САД кога Доналд Трамп го започна својот прв цел ден во болницата, борејќи се со корона вирусот, во […]

Пак 100.000 луѓе на протестите во Минск – полицијата ги растеруваше со водени топови


Десетици илјади Белоруси излегоа на улиците во неделата на 4 октомври во знак на поддршка на политичките затвореници во земјата, осми викенд по ред на протести против долгогодишниот владетел Александар Лукашенко. Опозицискиот новински канал „Нехта“ соопшти дека повеќе од 100.000 луѓе се собрале во главниот град Минск, каде полицијата употребила водени топови за да ги […]

Трамп се чувствува подобро, утре може да биде пуштен од болница


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп може да биде пуштен од болница утре, бидејќи тој се чувствува подобро, соопшти медицинскиот тим на претседателот на прес-конференција пред воената болница „Волтер Рид“. Во соопштението се наведува и дека Трамп вчера добил дексаметазон по второто „минливо“ опаѓање на нивото на кислород во крвта. Во петокот нивото било на 94 […]