Реално шоу во болницата „Валтер Рид“ – Трамп потпишувал празни хартии

Иако е потврдено дека има коронавирусна инфекција, Доналд Трамп беше фотографиран во медицинскиот центар „Валтер Рид“ додека потпишуваше „важен документ“ за да му покаже на светот дека сè уште работи напорно, но се покажа дека американскиот претседател всушност не потпишал ништо затоа што хартијата на неговото биро била – празна!

Ова го забележаа корисниците на социјалните мрежи, а Твитер веднаш беше преплавен со провокации на неговата сметка, со неизбежливиот и исмејувачки хаштаг #Staged (Наместено)

Контроверзните фотографии ги објави самата Бела куќа, а ќерката на Доналд, Иванка Трамп исто така ги пофали: „Ништо не може да го спречи да работи за американскиот народ“, напиша таа на социјалната мрежа.

„Можете да видите од кого си ја наследиле работната етика. Каков татко, каква ќерка“ – и рекоа нејзините сонародници.

„Вака изгледа претседателството на ријалити sвезда, сè е исценирано!“, коментираа твитерџиите.

Репортерот од Белата куќа, Ендру Фајнберг, исто така, внимателно ги прегледал фотографиите и откако зумирал на една од нив, открил дека Трамп „потпишува на празен лист хартија“.

„Тоа е единствениот вид на ‘работа’ што тој може да ја заврши. И во неговиот ум, сè додека изгледа како да работи и додека неговата армија следбеници верува во тоа, тоа е добро, ако не и подобро од тоа што тој всушност да прави нешто“, објави еден корисник на Твитер.

Историчарот Алекс фон Тунзелман исто така го критикуваше неуспехот на претседателот да носи маска: „Се надевам дека неговата суета не го загрози фотографот“.