Нобелова награда за медицина за тројца научници за откривање на вирусот на хепатитис Ц

Шведска– Нобеловата награда за медицина годинава им припадна на Харви Алтер, Мајкл Хаутон и Чарлс Рајс за откривање на вирусот на хепатит Ц, објави Нобеловиот комитет на Шведската кралска академија на науките.

Светската здравствена организација проценува дека има над 70 милиони случаи на хепатитис ширум светот и 400 000 смртни случаи секоја година. Болеста е хронична и главна причина за воспаление на црниот дроб и рак.

Престижната награда носи златен медал и парична награда од 10 милиони шведски круни (над 1.118.000 долари).

Нобеловата награда за медицина минатата година им припадна на Американците Вилијам Келин и Грег Семенза, и Британецот Питер Ратклиф за истражување за прилагодување на клетките на променливото снабдување со кислород, што е важно во борбата против ракот и анемијата.

Како што беше претходно најавено, името на лауреатот за физика ќе биде објавено утре, во среда за хемија, в четврток за литература и в петок за мир. Името на добитникот на наградата за економија секогаш се објавува на крајот, и тој ќе биде соопштен следниот понеделник.