Урсула фон дер Лајен во самоизолација

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е  во самоизолација откако неодамна имала контакт со лице заразено со Ковид-19, напиша денеска самата на Твитер, пренесе ДПА.

„Ме известија дека на состанокот на кој учествував минатиот вторник присуствувало и лице кое од вчера е позитивно на Ковид-19“, напиша таа.

Фон дер Лајен напиша и дека во четвртокот веќе направила еден тест и дека била негативна за присуството на коронавирус, и дека подоцна денеска треба да направи уште еден, додаде германската агенција.

Таа кажа дека во самоизолација ќе биде до „рано во вторник, во согласност со важечките прописи“, пренесе ДПА.