Нов Зеланд повторно го победи корона вирусот


 

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, најави укинување на мерките воведени во окленд поради рузбивање на вториот бран од корона вирусот, тврдејќи дека нејзината земја повторно го победила вирусот.

Нов Зеланд во мај потполно го сопре првиот бран од заразата благодарение на строгите мерки, а земјата забележа низа од 102 дена без новозаразен.

Но, ново жариште на епидемијата беше откриено во најголемиот град на Нов Зеланд и тоа ги присили властите за 1,5 милиони жители на Окленд да одредат строги мерки на потполно затоврање кои траеја три седмици, се до почетокот на септември.

Потоа, во овој град на северот на земјата 12 дена не беше забележан нов случај на зараза со корона вирус, па премиерката Ардерн рече дека ситуацијата е под контрола и ги поздрави граѓаните кои го издржаа потполното затворање.

„Жителите на Окленд и сите Новозеланѓани, се држеа до планот кој до сега успеа два пати. И повторно го победија вирусот“, рече Ардерн.

Успоехот според неа дошол во вистинско време, со оглед на тоа што на 17 октомври се одржуваат парламентарни избори. Голема е веројатноста дека Ардерн и понатаму ќе остане на чело на владата.

Премиерката додаде дека од среда во Окленд ќе важи најниското ниво на борба против пандемијата кое важи и во остатокот од земјата. Тоа значи дека нема да има никакво ограничување на собири.

Но, Ардерн предупреди дека луѓето не треба премногу да се опуштат.