Инфлуенсер почина од Ковид-19: Тврдеше дека вирусот не постои


Украинскиот фитнес инфлуенсер Дмитриј Стужук, кој тврдеше дека корона вирусот не постои, почина од последиците од оваа болест на возраст од 33 години. Тој се заразил при престојот во Турција, а како што објави Скај њуз, кога се вратил во Украина бил тестиран и бил позитивен на вирусот, па завршил во болница. По осум дена […]

Бројот на заразени со корона вирусот во светот надмина 40 милиони


Бројот на заразени со новиот корона вирус во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометер. Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 1.115.308, а закрепнале речиси 30 милиони луѓе – 29.927.866. Во моментов во светот има 8.971.671 активен случај, од кои 8.899.700 се со лесни симптоми, а 71.971 се во критична состојба. Најголем број […]

Три милијарди луѓе во светот немаат услови за да мијат раце


Најновите податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека околу три милијарди луѓе или 40 проценти од светската популација немаат услови дома да одржуваат основна хигиена со миење на рацете. УНИЦЕФ предупреди дека недостапноста до основната хигиена како што е миењето на рацете за милиони луѓе значи зголемен ризик од зараза со коронавирусот и други болести. Според извештајот на УНИЦЕФ […]

Гувернерот на Њујорк забрани гигантска свадба за 10.000 души


Oгромна венчавка со 10.000 лица, планирана за Бруклин во понеделникот беше забранета од гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо. Невестата била внука на познат лидер на еврејските хасиди. Свадбената церемонија за роднината на Залман Лајб Тајтлбаум, голем рабин на сектата Сатмар, требаше да се одржи во синагогата во еврејската населба на хасидите Вилијамсбург. Се очекуваше […]

Рекорден број заразени во Франција – дури 32.427


Во Франција вчера се регистрирани рекордни 32.427 новозаразени со коронавирусот, соопшти француското Министерство за здравство. Од последниот пресек починале уште 90 лица. Од почетокот на пандемијата во Франција се заразиле вкупно 867.197 лица, а 33.392 починале.

Поплави во Виетнам, има и жртви


– Виетнам го погодија невидени поплави, а 22 војници се водат како исчезнати во провинцијата Кванг Три, каде дошло до големо свлечиште, објави Владата во Ханој. Обилните дождови што паѓаат од почетокот на октомври предизвикаа поплави и предизвикаа бројни одрони, а најмалку 64 лица загинаа само во централниот дел на Виетнам. Во соседната провинција Туа Тиен Хуе, […]

Во Кина почна вакцинација против коронавирусот, луѓето чекаат во редици


Во градот Јиву, источна Кина, почна вакцинацијата против коронавирусот, иако вакцината сè уште не ја поминала последната фаза на клиничките испитувања. Пред болницата била формирана долга редица, јави за Би-Би-Си репортер од Кина. Стотици луѓе чекаат во ред за вакцина за која, пред медицинската сестра да им ја даде, требаше да платат околу 60 американски долари.

Европски функционери ја скористат пандемијата за дискриминација на Роми


Според активистите за човекови права, локални власти во неколку европски земји со големо ромско население применувале дискриминаторски мерки и дејствувале незаконски против таа малцинска група под изговор да се борат против пандемијата Ковид-19. Бидејќи бројот на заразени со вирусот во Европа повторно се зголемува, некои експерти стравуваат дека ќе се врати репресијата. Ромските заедници во […]

Ерменија и Азербејџан постигнаa договор за примирје


Претставници на Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за хуманитарно примирје. Примирјето ќе биде на сила од полноќ на 18 откомври, пишува РИА Новости, изјави портпаролот на претседателот на Нагорно Карабах Ваграм Погосијан. „Ерменија и Азербејџан се договорија за хуманитарно примирје почнувајќи од 18 октомври на полноќ по локално време“, соопшти ерменското министерство за надворешни работи. […]

Словачка ќе ги тестира сите постари од 10 години


Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè уште не е јасно дали ваквото национално тестирање ќе биде задолжително или доброволно. Тестирањето на целото население, како што објасни Матович, е […]

Холандскиот крал Вилем го прекина одморот во Грција поради јавните критики


Холандија (Ројтерс) – Холандскиот крал Вилем-Александер и неговата сопруга го прекинаа одморот во Грција, откако беа под критика за патувања за време на пандемијата на коронавирусите. „Ги гледаме реакциите од луѓето на извештаите во медиумите“, рекоа Вилем-Александер и неговата сопруга кралицата Максима во изјавата објавена од Кралската куќа . „Сакаме да не оставиме сомнеж дека […]

Германскиот претседател Штајнмаер во превентивен карантин


Германија- Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денес влегол во карантин, бидејќи еден член на неговото обезбедување бил заразен со коронавирусот, изјави неименуван портпарол на претседателот. „Федералниот претседател (на Германија) денес влезе во карантин, бидејќи еден од неговите телохранители беше заразен со вирусот“, изјави за Франс прес портпаролот на Штајнмаер Заразеното лице припаѓа на командата на Генералниот […]

Кембриџ: Во Англија може да има до 690 починати дневно


Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Англија би можел да скокне на 690 на ден за само две недели, ако продолжи трендот на зголемување на бројот на пациенти на неделно ниво. Националниот завод за статистика во Англија објави дека секоја недела се заразуваат 50 проценти повеќе луѓе отколку во претходниот период, објави „Дејли меил“. Медицинскиот отсек […]

Италија со уште повеќе новозаразени од вчера


Во Италија, во последните 24 часа, регистрирани се рекордни 10.925 нови случаи на зараза со Ковид-19, а починаа 47 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Ова е втор ден по ред да се бележат највисоки бројки на заразени од почетокот на пандемијата. Италија, во првиот бран од епидемијата пролетоска, беше најтешко погодена земја во Европа, а […]

Во Холандија повеќе од 8.000 новозаболени


Холандија забележа нов негативен рекорд по бројот новозаразени од корона вирус. Денеска се регистрирани повеќе од 8.000 заболени, а починаа 29 лица, соопштија од Националниот институт за јавно здравје. Бројот на потврдени случаи со корона вирус денеска е 8.114, пренесе Ројтерс. Во Холандија од последиците на корона вирусот, од почетокот на пандемијата починаа 6.737 луѓе.

Виена: Мајка си ги уби трите малолетни ќерки


Полицијата во Виена уапси мајка, жителка на Непал, која ги убила своите три малолетни ќерки. Жената, која наводно се развела од сопругот, утрово, нешто по пет часот, повикала полиција и рекла дека ги убила децата и дека се обидела да изврши самоубиство. Таа ги загушила своите три ќерки – бебето старо осум месеци и девојчиња […]

Рекордни 1.747 новозаразени во Австрија


Во Австрија се регистрирани рекордни 1.747 новозаразени со корона вирусот, и иако се работи за корегирани податоци, ваква бројка немаше ниту на врвот на првиот бран од епидемијата во земјата. Според првите податоци на надлежните органи, имало 2.317 нови случаи. Причината за исправката е што бројките во ЕМС системот не биле „исчистени“ од дупли пројави.

Шефот на австриската дипломатија позитивен на Ковид-19


Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг тестиран е позитивно на коронавирус. Се претпоставува дека Шаленберг се заразил за време на учеството на самитот на шефови на дипломатии од земјите членки на ЕУ минатиот понеделник во Луксембург. Претставничка на австриското МНР најави дека поради предострожност денеска ќе бидат тестирани сите членови на владиниот кабинет.

Зошто руските хакери не се плашат од Германија?


Универзитетската болница во Дизелдорф беше парализирана две недели на почетокот на септември оваа година. Како резултат на хакерски напад, десетици сервери беа блокирани, пациентите мораа да бидат испратени во други болници, а една жена почина. Локалните власти велат дека трагите на хакерите водат кон Русија. Слични хакерски напади врз таканаречената критична инфраструктура – болници, електрани, […]

„Фајзер“ наскоро ќе побара итно одобрување за нивната вакцина во САД


Американската компанија „Фајзер“ (Pfizer), која работи на вакцина против КОВИД-19 со германската компанија „Бионтек“ (BioNTech), објави отворено писмо од нејзиниот извршен директор во кое објави дека во ноември ќе побара одобрување на нивната вакцина од ФДА. Фармацевтската мултинационална компанија објави отворено писмо, потпишано од извршниот директор на „Фајзер“, во кое се наведува дека работи „со […]