Ерменија и Азербејџан постигнаa договор за примирје


Претставници на Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за хуманитарно примирје.

Примирјето ќе биде на сила од полноќ на 18 откомври, пишува РИА Новости, изјави портпаролот на претседателот на Нагорно Карабах Ваграм Погосијан.

„Ерменија и Азербејџан се договорија за хуманитарно примирје почнувајќи од 18 октомври на полноќ по локално време“, соопшти ерменското министерство за надворешни работи.

Азербејџанското министерство за надворешни работи издаде идентично соопштение.

Порано денеска, двете земји разменија обвинувања за гранатирање цивилни цели.

Двете соседни земји се обвинуваа за кршење на постигнатата спогодба пред една недела во Москва со посредство на Русија за примирје во најтешките судири на јужен Кавказ од 1990-тите.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој посредуваше при постигнувањето на спогодбата пред една недела, денеска разговарал со своите ерменски и азербејџански колеги, Зораб Мнацаканиј и Ејхун Бајрамов, за развојот на ситуацијата во Нагорно Карабах.

Во разговорот акцент е ставен на потребата од итно почитување на спогодбата за прекин на огнот во Нагорно Карабах, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Министерите го потврдиле значењето на постигнатата спогодба во Москва за почеток на суштински преговори со цел постигнуање мировно решение во најкраток рок, врз основа на принципите на Минската група (Русија, САД и Франција), пренесе Тасс.

И францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави примирјето.
Во соопштението издадено од Елисејската палата, наведено е дека примирјето е склучено „по француското посредување во текот на претходните денови во координација со копретседавачите на Минската група“.