Бројот на заразени со корона вирусот во светот надмина 40 милиони

epa08331550 Interior view of a field hospital inside the exhibition center Stockholmsmassan in Alvsjo in southern Stockholm, Sweden, 30 March 2020. The field hospital will provide extra intensive care space for COVID-19 patients amid the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic. EPA-EFE/JONAS EKSTROMER SWEDEN OUT

Бројот на заразени со новиот корона вирус во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометер.

Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 1.115.308, а закрепнале речиси 30 милиони луѓе – 29.927.866.

Во моментов во светот има 8.971.671 активен случај, од кои 8.899.700 се со лесни симптоми, а 71.971 се во критична состојба.

Најголем број на пациенти сè уште има во САД – 8.343.140, во Индија – 7.494.551, во Бразил – 5.224.362 и во Русија 1.399.334.

Од европските земји, најпогодена е Шпанија – 982.723, во Франција има 867.197 и во Велика Британија до сега има 705.428 заразени.