Во Кина почна вакцинација против коронавирусот, луѓето чекаат во редици


Во градот Јиву, источна Кина, почна вакцинацијата против коронавирусот, иако вакцината сè уште не ја поминала последната фаза на клиничките испитувања.

Пред болницата била формирана долга редица, јави за Би-Би-Си репортер од Кина.

Стотици луѓе чекаат во ред за вакцина за која, пред медицинската сестра да им ја даде, требаше да платат околу 60 американски долари.