Во пратка со отпад од Србија за Парагвај најдени тела на мигранти


Пaрaгвaјски претстaвници нa Влaдaтa соопштијa декa се откриени телa нa седум мигрaнти во фaзa нa рaспaѓaње во прaткa со отпaд од Србијa откaко бил отворен контејнерот од рaботниците нa еднa компaнијa увозник нa прaткaтa. Контејнерот бил нaтовaрен во Србијa, потоa преку Aргентинa и други земји пaтувaл три месеци до крaјнaтa дестинaцијa.Мигрaнтите биле со мaрокaнско потекло, […]

СЗО изработува упатства за употреба на лекот ремдесивир


Светската здравствена организација соопшти дека работи на изработка на упатства за употреба на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со Ковид-19, кои треба да бидат објавени за три до четири недели. Комисијата на СЗО ќе се состане следната недела за да ги разгледа записите за ефикасност на лекот произведен од компанијата „Гилид сајенсиз“. Главниот научник […]

Во САД во последните 24 часа се заразиле повеќе од 80.000 лица, најмногу до сега


Рекорден број од повеќе од 80.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во САД во последните 24 часа. Универзитетот „Џон Хопкинс“ соопшти дека се потврдени 80.005 нови случаи во најзагрозената земја во светот. Претходниот рекорд беше на 16 јули, кога за еден ден беа потврдени 77.362 нови случаи. Црниот биланс доаѓа во време кога расте […]

Протести во Полска поради строгите мерки за коронавирус


Десетици илјади луѓе синоќа се собраа на улиците во Полска да протестираат против строгите мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот. Протестите се случија еден ден по демонстрациите околу одлуката на Уставниот суд за речиси целосна забрана за абортус. Во Полска стапија на сила нови ограничувања за борба против пандемијата, вклучително и затворање ресторани и кафулиња […]

Последната дебата меѓу Трамп и Бајден ја следеле 63 милиони луѓе


Околу 63 милиони луѓе ја следеле дебатата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во четвртокот вечерта, објави Си-Ен-Ен. Првично беше објавено дека 55,2 милиони луѓе ја следеле дебатата, но во тој број не биле вклучени гледачите на кабелската мрежа. За време на настанот во четвртокот, Бајден ги продолжи нападите врз […]

Во Франција над милион заразени од Ковид-19, за 24 часа речиси 300 смртни случаи


Во последните 24 часа во Франција починаа 298 лица од Ковид-19, а притоа се откриени нови рекордни 42.032 случаи на заразени, јави дописникот на МИА од Париз. Епидемијата на коронавирус синоќа во Франција го надмина прагот од еден милион случаи откриени од почетокот на епидемијата, крајот на јануари 2020 година. Оттогаш, според здравствените податоци на […]

Повеќе од 50 милиони Американци веќе гласаа, се очекува најголема излезност од 1908


Повеќе од 25 милиони Американци гласаа преку пошта и лично во текот на првата недела од раното гласање до саботата, бројка која е поголема од двојно за една недела. Доколку темпото се задржи, од одѕивот на изборите во 2020 година може да го урне рекордот на излезност стар еден век од 1908 година, кога гласаа […]

Дер Лајен: За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што повеќе


 Европската комисија издвои 100 милиони евра за купување од 15 до 22 милиони брзи тестови за Ковид-19. Парите се издвоени од Европскиот инструмент за итна поддршка и треба да ги покријат тековните потреби на ЕУ, посочува Брисел.  – За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што е можно повеќе. Брзото тестирање, со брзи резултати, […]

Казна од 100 до 500 евра за Португалците што надвор нема да носат маска


Во Португалија денеска е донесена мерка за задолжително носење заштитни маски на отворено каде има метеж, со цел да се запре зголемувањето на бројот на заразени со корона вирус. Сите лица постари од 10 години ќе бидат обврзани да носат заштитни маски на отворено кога не е можно да се одржи физичко растојание, а мерката […]

Италија со рекорден број новозаразени, повеќе од 19.000


Во Италија во последните 24 часа се потврдени 19.143 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата, соопшти Министерството за здравство. Претходниот рекорд беше вчера, кога имаше 16.079 новоинфицирани. Во Италија, од почетокот на епидемијата, потврдени се 484.869 случаи на Ковид-19, а починале 37.059 лица. 

Чешкиот министер за здравство ќе мора да си оди откако ги прекрши правилата кои самиот ги воведе


Роман Примула беше фотографиран како напушта еден ресторан во Прага кој бил тајно отворен само заради него   Министерот за здравство на Чешка изгледа ќе ја изгуби работата откако посети ресторан во Прага во она што се чини дека претставува кршење на прописите што тој ги воспостави во обид да ја добие сѐ поочајната битка […]

Австрија и Холандија со рекорден број заразени од Ковид-19


Австрија и Холандија во последното деноноќие имаат рекорден број заразени лица од Ковид-19. Австрија втор ден по ред поставува нов рекорд во бројот на новоинфицирани, кој по вчерашните 2.452 денеска достигна 2.571 и 13 смртни случаи. Покрај тоа, Виена продолжува да регистрира сѐ поголем број новозаразени, а во последните 24 часа, во австрискиот главен град […]

Стотина италијански научници упатија апел за итни мерки против корона вирусот


Повеќе од сто италијански научници од различни професионални сфери упатија апел до претседателот и премиерот на Италија, изразувајќи загриженост во врска со секојдневното зголемување на бројот на лица заразени со Ковид-19. Тие во писмото наведуваат дека е потребно, паралелно со мерките за зачувување на економијата и работните места, да се зачува и правото на индивидуално […]

Солберг: Норвешка следната недела ќе воведе построги мерки


Норвешка следната недела ќе објави построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот по неодамнешното зголемување на бројот на нови инфекции, изјави денеска норвешката премиерка Ерна Солберг. – Гледаме како инфекцијата се шири на многу места. Ова е загрижувачко. Затоа, ние веќе најавуваме дека националните ограничувања ќе бидат засилени следната недела. Мерките ќе бидат насочени кон […]

Во Јужна Кореја починале 32 лица кои примиле вакцини против сезонски грип, се бара истрага


Јужнокорејскиот премиер Чунг Сје-кунг повика на истрага за смртта на десетици Јужнокорејци кои примиле вакцина против грип, јави ДПА. Триесет и две лица починаа по вакцинирање во последните неколку недели, но здравствените власти велат дека не нашле директна врска помеѓу жртвите и вакцината. Премиерот истакна дека властите треба да ја испитаат „каузалната врска“ и да […]

И Русија урива рекорди – најмногу заболени во еден ден


  Денеска во Рудсија регистрирани се 17.340 нови случаи со корона вирус, што е најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата. Во последните 24 часа починаа 283 лица со што вкупниот број жртви се искачи на 25.525, пренесе Тас. Од почетокот на епидемијата заразени се повеќе од 1,48 милиони граѓани, а досега оздравеа 1,2 […]

Како да се добие Белата куќа: Осум држави ќе ги одлучат изборите


На претседателот Трамп му снемува време да ја промени својата судбина во овие клучни држави во изборната трка   Доналд Трамп создава јаз меѓу жените во предградијата, ја губи поддршката кај постарите граѓани и се соочува со бран рани гласања на демократите. На две недели до 3 ноември, Трамп се соочува со застрашувачки предизвик за […]

Забраните за патувања во странство поради епидемијата и помагаат на руската економија, тврдат економисти


Руската економија може да профитира дури 30 милијарди долари оваа година, бидејќи граѓаните потрошија повеќе во Русија поради рестриктивните мерки поради пандемијата отколку за патувања во странство, проценуваат економистите. Таквите проценки се едни од ретките добри вести за руската економија, погодени од ниските цени на нафтата во светот и блокирањето поради пандемијата. Буџетскиот дефицит во […]

Истражување: Лекување заразени со Ковид-19 со крвна плазма од оздравени е од мала корист


Употребата на крвна плазма од оздравени од коронавирусот  за третман на пациенти е од мала корист, според најновото клиничко истражување спроведено во Индија. Резултатите од истражувањето беа објавени во британското медицинско списание BMJ и покажаа дека третманот со крвна плазма не ја намалува или спречува смртноста од Ковид-19. Студијата е спроведена врз основа на 464 […]

Поради пандемијата се откажуваат од скијање


  Пандемијата од корона вирус натера многумина да размислат за претстојниот зимски одмор, односно скијањето. Многу Германци се откажуваат од скијачки одмор зимава. Според истражувањето на институтот „Југов“, 31 отсто од Германците рекле дека поради пандемијата не планираат да одат на скијање. Исто така, 45 отсто навеле дека нема да одат на скијање, ако скијачкиот […]