Најголем дневен пораст на заразени со Ковид-19 во Германија

Во Германија денеска е регистриран најголем број на новозаразени лица со корона вирус во еден ден – 23.542, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“.
Канцеларката Ангела Меркел в понеделник ќе разговара со гувернерите на сојузните држави во врска со воведување нови мерки.
Германија на 2 ноември започна со делумен карантин кој ќе трае четири недели, а целта е да се намали драстичниот пораст на бројот на новите инфекции.
Рестораните, баровите, објектите за спорт и забава се затворени, но училиштата и продавниците се отворени.
Официјални претставници велат дека се уште е брзо да се утврди дали новите мерки го даваат посакуваниот ефект.