Елон Маск и позитивен и негативен на корона вирус


 

Тестовите на Елон Маск му покажале дека истовремено е и позитивен и негативен на корона вирусот.

Тој вели дека направил четири теста и дека два биле позитивни, а вда негативни.

Извршниот дирекотр на „Тесла“, Маск, на Твитер ја објави информацијата и се запраша за што всушност се работи и изрази сомнеж дека можеби се случува нешто лажно во тој процес.

„Денеска четири пати се тестирав на корона вирус, ДВа теста беа негативни, два позитивни. Иста машина, иста сестра, ист тест. Брз антиген тест“, напиша тој.

Маск потоа објави дека направил и ПЦР тест во друга лабораторија и ги чека резултатите за 24 часа.

На прашање на корисници на Твитер како се чувствува, тој вели „како да има типична настинка“.