Пет рудари загинаа во рудник во Чешка


Најмалку петмина рудари загинаа, а 10 се повредени во експлозија на метан во рудник во североисточниот дел на Чешка, соопшти портпаролот на компанијата која управува со рудникот Иво Целеховски. Уште осум лица се водат како исчезнато, додаде тој. Спасувачки тимови трагаат по исчезнатите рудари. Експлозијата се случила во дел од рудникот кој се наоѓа на …

Пет рудари загинаа во рудник во Чешка Read More »

Џејмс Матис поднесе оставка од функцијата секретар за одбрана


Намерата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на поголем дел од силите на САД од Авганистан, е причина за најавената оставка на секретарот за одбрана Џејмс Матис, тврдат американските медиуми. Според висок претставник на американската Администрација, кој побарал анонимност, Трамп донел одлука за „значително повлекување“ на силите на САД од Авганистан. Истиот извор тврди …

Џејмс Матис поднесе оставка од функцијата секретар за одбрана Read More »

Курц го предава претседавањето со ЕУ на Романија


Австрискиот канцелар Себајстијан Курц ќе отпатува утре во Романија за симболично да му го предаде претседавањето со ЕУ на официјален Букурешт. Планирани се состаноци со премиерката Виорика Данчила и претседателот Клаус Јоханис, како и посета на школата за социјалниот проект „Конкордија. Ова е првпат Романија, која е членка на ЕУ од 2007 година да претседава …

Курц го предава претседавањето со ЕУ на Романија Read More »

Данска ќе ги испраќа несаканите мигранти на ненаселен остров


Данска планира мигрантите со полициско досие да ги испрати на ненаселен остров, каде едни ќе чекаат на депортација, а други ќе останат на неодредено време, бидејќи поради состојбата во сопствените татковини не можат да бидат вратени таму, објави Хина. Данскиот Парламент вчера го усвои буџетот за 2019 година, во кој е вклучен и предлогот мигрантите …

Данска ќе ги испраќа несаканите мигранти на ненаселен остров Read More »

Смртниот биланс од протестите на „жолтите елеци“ се искачи на девет лица


Уште едно лице настрада на протестите на „жолтите елеци“, што е девета жртва од почетокот досега, соопштија француските власти. Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер изјави дека последната жртва е демонстрант, кој загинал во југозападниот град Ажен. Повикувајќи на мир во текот на божикните и новогодишните празници,  Кастанер рече: „Ова мора да престане. Деветмина настрадани“. Пратеникот Оливије Дамасан напиша …

Смртниот биланс од протестите на „жолтите елеци“ се искачи на девет лица Read More »

Романската Влада го „преживеа“ гласањето недоверба


Левоцентристичката Влада на Романија денеска го „преживеа“ гласањето недоверба во Парламентот, јави Аџерпрес. Три опозициски партии поднесоа иницијатива за гласање недоверба на владата на Виорика Данчила,  насловена „Доста! Владата Драгнеа-Данчила – срам за Романија!”. Лидерот на владејачката Социјалдемократска партија  Даниел Сучу рече дека гласањето за недоверба било поддржано од 161 пратеник, а за иницијативата за …

Романската Влада го „преживеа“ гласањето недоверба Read More »

Путин: Не знам дали ќе се случи средба со Трамп


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не знае дали во блиска иднина ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи оти е важно за Москва и за Вашингтон да ги нормализираат односите. -Не знам дали ќе дојде до тој состанок или не, рече Путин на годишната прес-конференција. Тој додаде дека повеќе пати повторил …

Путин: Не знам дали ќе се случи средба со Трамп Read More »

Путин: Порано или подоцна ќе морам се оженам


Рускиот претседател Владимир Путин денеска не ја отфрли идејата дека е можно еден ден повторно да се ожени. „Како пристојна личност, порано или подоцна ќе морам да го сторам тоа“, одговори Путин на шега одговарајќи на новинарско прашање. Путин го праша и новинарот што го постави прашањето дали е оженет. Откако новинарот одговори потврдно, Путин …

Путин: Порано или подоцна ќе морам се оженам Read More »

Усвоен нов закон: Германија ги отвора вратите за работници од Балканот


Германската влада го усвои нацрт-законот за ангажирање квалификувана работна сила надвор од земјите на Европската Унија бидејќи се соочува со проблем на стареењето на населението. Новиот закон предвидува граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ, а имаат квалификации потребни за Германија, да добијат дозвола за престој од шест месеци за да најдат работа. …

Усвоен нов закон: Германија ги отвора вратите за работници од Балканот Read More »

Си-Ен-Ен му ги одзеде наградите на лажниот новинар


Си-Ен-Ен соопшти дека одзема две награди, кои во 2014 година му ги доделила на германски новинар за кого се дозна дека ги фалсификувал своите статии. Американската телевизија соопшти дека независната комисија, која пред четири години на Клас Релотиус му ги доделила наградите „Новинар на годината“ и „Новинар на годината од печатен медиум“, едногласно одлучила да …

Си-Ен-Ен му ги одзеде наградите на лажниот новинар Read More »

Путин ги спореди новинарите со разузнавачите


За време на традиционалната годишна прес-конференција, рускиот претседател Владимир Путин ги спореди агентите на тајните служби со новинарите. – И едните и другите работат со информации, појасни Путин. Еден од новинарите во салата го искористи своето време за прашање и го поздрави претседателот, кој долги години работел за КГБ, по повод денешното одбележување во Русија …

Путин ги спореди новинарите со разузнавачите Read More »

Обама како Дедо Мраз дели подароци на болни дечиња


САД- Поранешниот претседател на САД, Барак Обама облечен како Дедо Мраз однесе подароци во детската болница во Вашингтон. – Имав прилика да разговарам со некои од дечињата и нивните семејства. Јас како татко на две ќерки можам да замислам како е да си во таква ситуација, опкружен со лекари, медицински сестри. Но, тие им ја …

Обама како Дедо Мраз дели подароци на болни дечиња Read More »

Наградуван новинар на „Шпигел“ седум години пишувал лажни стории


Германскиот неделник „Шпигел“ објави дека еден од неговите најпознати новинари, Клас Релотиус, повеќе години пишувал лажирани стории. Се работи за наградуван новинар, кој според неделникот измислувал стории и личности во најмалку 14 од 60 новински стории што се појавиле во печатените или онлајн изданијата. Тој пишувал седум години за неделникот и освоил многубројни награди за …

Наградуван новинар на „Шпигел“ седум години пишувал лажни стории Read More »

„Њујорк тајмс“: Фејсбук масовно дозволувал пристап до податоци на корисници


Социјалната мрежа Фејсбук со години им дозволувала на најголемите светски технолошки компании пристап до личните податоци на корисниците и тоа значително повеќе отколку што кажуваат во јавност, објави „Њујорк тајмс“. Според стотици страници податоци до кои дошол весникот, Фејсбук имал посебни договори со одредени компании. Социјалната мрежа постојано растела, добивала голем број корисници и се …

„Њујорк тајмс“: Фејсбук масовно дозволувал пристап до податоци на корисници Read More »

Околу 700 свештеници обвинети за педофилија во Илиноис


Околу 700 католички свештеници биле обвинети за педофилија во американската држава Илиноис во последните неколку декади, соопшти главната државна обвинителка Лиза Мадиган. Епархијата на Илиноис ги објави имињата на 185 од свештениците кои се обвинети за сериозни престапи. Проучувањето на архивите од страна на обвинителството во врска со обвиненијата против 185 свештеници покажа дека Обвинителството …

Околу 700 свештеници обвинети за педофилија во Илиноис Read More »

Атина ја предупреди Анкара


Началникот на Генералштабот на грчката Армија, Евангелос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција е решена да одговори во случај на „ескалација на турските провокации“. Апсотолакис, на средба со грчките новинари, ја истакнал оперативната способност и подготвеност на Армијата на Грција во случај да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. Според „Катимерини“, во случај на …

Атина ја предупреди Анкара Read More »

Лондон: ИД и натаму е потенцијална закана


Англија– Британското Министерство за надворешни работи смета дека џихадистичката група Исламска држава (ИД) и натаму претставува потенцијална закана, иако повеќе нема територии под нејзина контрола. – Треба да се направат уште многу работи и не смееме да заборавиме каква закана претставува ИД. Дури и без територија, Исламската држава останува закана, се истакнува во соопштението на …

Лондон: ИД и натаму е потенцијална закана Read More »

Два дрона го блокираа британскиот аеродром Гетвик


Англија – Вториот по голмина аеродром во Велика Британија, Гетвик, времено е затворен за сообраќај поради информациите дека над неговите писти летаат два дрона, јави ДПА. Поради инцидентот, летовите од Гетвик се одложени, а авионите што требаше да слетаа на него се пренасочуваат кон други аеродроми. Управата на Гетвик, што се наоѓа на 50 километри јужно …

Два дрона го блокираа британскиот аеродром Гетвик Read More »

Вселенскиот брод „Сојуз МС-09“ успешно се врати од МВС


Русија – Рускиот вселенски брод „Сојуз МС-09, кој ги превезуваше тројцата досегашни челнови на екипажот на Меѓународната свесленска станица (МВС), рано изутринава успешно слета во Казахстан. Со „Сојуз МС-09“ на Земјата се вратија тројцата астронаути Сергеј Прокопиев од Русија, Серина Аунион-Ламслер од САД и Александер Герст од Германија. Троцата досегашни членови на екипажот на МВС во …

Вселенскиот брод „Сојуз МС-09“ успешно се врати од МВС Read More »

Бискуп се повлече поради обвинувања за сексуално злоставување


Папата Франциско ја прифати оставката на бискупот од Лос Анџелес, обвинет за сексуална злоупотреба на малолетни лица, објави денеска Ватикан за овој најнов случај на недолично однесување на свештеник, кој ја тресе американската Католичка црква. Според кратка изјава, 69-годишниот Александар Салазар се повлече од функцијата помошник- бискуп во Лос Анџелес. Ватикан на новинарите им подели …

Бискуп се повлече поради обвинувања за сексуално злоставување Read More »