Белата куќа инсистира децата да се вратат во училиште без разлика дали се преносители на вирусот


САД – Децата треба да се вратат во училиште, дури и ако идните студии откријат дека тие се преносители на новиот коронавирус, затоа што со помала веројатноста дека ќе развијат потешки форми на болеста, изјави секретарката за печат на Белата куќа, Кејли Мекеани.

Американскиот претседател Доналд Трамп настојува на повторно отворање на училиштата кои нагло се затворија оваа пролет кога коронавирусот првпат почна да се шири низ целата земја. Голем број од наставниците и семејствата дека децата изразија загриженост дека би можеле да се заразат или да ја шират болеста доколку се вратат во училниците.

Досега во САД се пријавени над четири милиони случаи на Ковид-19, а над 140.000 луѓе починаа.