САД основаа група за правична дистрибуција на идната вакцина против Ковид-19


Здравствени работници за време на земањето тестови во Вашингтон

Американските здравствени власти наложија на група независни научници и етичари да подготват насоки за тоа кој ќе ги добие првите дози од вакцината против Ковид-19, кога таа ќе биде произведена.

Насоките имаат за цел да постават непристрасна рамка која американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ќе ја користи за да ја испланира дистрибуцијата на првите вакцини, за кои американските власти очекуваат да бидат готови до крајот на годината.

На групата имаше задача да го развијат планот од лидерите на ЦДЦ и Националниот институт за здравство (НИХ). Оваа работа ќе ја извршат специјален комитет на експерти од американската Национална академија на науките, инженерството и медицината и Националната академија за медицина, независно советодавно тело.

На првата средба, директорот на Националниот здравствен институт (НИХ)  Франсис Колинс побара да се земат предвид потребите на поединците кои се во најголема опасност од компликации откако ќе заболат од Ковид-19. Тој ги истакна и потребите на здравствените работници, војската, вработените во суштинските дејности и подрачјата во САД кои се најпогодени од вирусот.