Хојт Ји: Проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално


Проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално и штетно е што Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени, изјави поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји. – Нема потреба да се откажува од евроинтеграциите, но важно е да се […]

Шри Ланка призна голем пропуст на разузнавачките служби


Шри Ланка призна „голем пропуст на разузнавачките служби“ пред бомбашките напади на католичкиот Велигден во кои загинаа 359 и беа повредени повеќе од 500 луѓе, јави Слободна Европа. Властите на островската земја предупредувањата на Индија од почетокот на месецот за потенцијални напади не ги земаа предвид, беше кажано во Парламентот на Шри Ланка. Претседателот Маитрипала […]

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина


Неодамна декласифицираните документи на американското Федерално истражно биро (ФБИ), покажуваат дека службата водела истрага за наводите дека германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер не извршил самоубиство на 30 април 1945 година како што тврди официјалната историја, туку дека наводно побегнал со подморница во Аргентина. Според овие наводи, Хитлер, неговата сопруга Ева Браун и други високи претставници […]

Словенечкиот премиер со црни прогнози: Ако се распадне ЕУ, сите ќе пропаднеме


Словенечкиот премиер Марјан Шарец ја спореди ситуацијата во Европа со онаа пред започнувањето на Втората светска војна, кога европските политичари не му се противеле на Хитлер. Тој оцени дека ЕУ во иднина мора побрзо и поодлучно да носи одлуки, за да може да одговори на големите предизвици на денешницата. – Популистите во Европа напредуваат бидејќи […]

Непознати мажи отворија оган врз кафуле во северниот дел на Франција


Француската полиција уапси две лица, а трага по уште четворица, откако отвориле оган врз кафуле во градот Туркоан. Засега нема информации за повредени лица во инцидентот. Напаѓачите, кои носеле црна облека, маски и оружје, го паркирале својот автомобил пред центар за социјални грижи. Тие излегле од возилото, го преминале плоштадот и отвориле оган. Потоа се […]

Трамп најави борба против демократите околу евентуален обид за импичмент


Американскиот претседател Доналд Трамп најави борба против каков било обид на демократите во Конгресот да покренат постапка за негово отповикување по истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер, ветувајќи дека правната битка ќе ја пренесе на Врховниот суд и покрај уставната моќ на Конгресот за импичмент. -Ако поддржувачите на демократите некогаш се обидат да покренат отповикување, […]

Зелински повика за нови санкции кон Русија по одлуката за Доњецк и Луганск


Новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски денеска повика за нови меѓународни санкции против Русија, откако Москва одлучи да ја олесни процедурата за добивање руско државјанство за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск. – Киев бара зајакнување на санкциите и дипломатскиот притисок против Руската Федерација, соопшти прес службата на Зеленски. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави […]

15 загинати при експлозија во сириската провинција Идлиб


Силна експлозија одекна денеска во северозападниот дел на Сирија, кој го контролираат бунтовниците, а најмалку 15 лица беа убиени, главно цивили. Тимови на Цивилната заштита се на терен, и во тек се акции за спасување. Причинета е значителна штета на зградите и возилата во околината. Спасувачките екипи се во потрага по жртвите, кои се затрупани […]

Украина побара седница на Советот за безбедност по указот на Путин


Украина побара одржување вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради одлуката на Русија да го олесни издавањето на руски пасоши за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск. Можно е седницата да се одржи утре, изјави извор од светската организација. Во писмото испратено до претседателот на СБ, Украина наведува дека руската одлука се […]

Порошенко и Зеленски ја критикуваа новата акција на Кремљ за давање државјанство


Претседателот во заминување во Украина и новиот шеф на државата, Петро Порошенко и Володимир Зеленски денеска во одделни изјави ја нарекоа Русија окупаторска сила во источна Украина, откако Москва почна постапка за поедноставување на процедурата за добивање руски пасоши. Претседателот во заминување Порошенко рече дека со акцијата Кремљ го крши меѓународното право, додека новоизбраниот шеф […]

САД со два носачи за авиони во Медитеранот одговорија на „руските злонамерни активности“


Два американски носача на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и „УСС Џон Ц. Стенис“ синоќа запловија во Медитеранот и деновиве ќе извршуваат воено-технички активности како демонстрација на заложбите на САД за стабилност и безбедност на сојузниците во регионот, напиша на Твитер Командата на морнаричките сили на САД во Европа и Африка. Американскиот амбасадор во Москва, Џон […]

Откриен организаторот на „крвавиот Велигден“ на Шри Ланка


Главниот организатор на терористичките напади на Шри Ланка бил Инсхан Селаван, еден од бомбашите самоубијци, кој во неделата активираше експлозив во хотелот Шангри-Ла, изјави Ширал Лактхилака, советник на претседателот Маитрипала Сирисена. Некои официјални претставници на Шри Ланка го посочија радикалниот екстремист Захран Хашим за клучно лице во организирањето на терористичките напади за време на католичкиот […]

Трамп со нова закана кон Мексико околу затворање на границата


Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Мексико да вложи повеќе напори за да го запре новиот миграциски „карван” упатен кон САД и повторно се закани дека ќе ја затвори границата или ќе испрати уште војници. -Многу голем карван од над 20.000 луѓе тргнал од Мексико, напиша Трамп на Твитер. Според него, мексиканските власти ја намалиле […]

Путин најави руски државјанства за Украинците од Доњец и Луганск


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е неприфатливо жителите на украинските региони Доњецк и Луганск да немаат права. Путин истакна дека Москва не сака да му создава проблеми на новото укаринско раководство. Тој претходно потпиша декрет за забрзано решавање на барањата за руско државјанство на Украинците кои живеат во Доњецк и Луганск. Во денеска објавениот […]

Електрични камбани се можната причина за пожарот во Нотр Дам


Прашања околу можните причини за пожарот во Нотр Дам се множат, откако неделниците Маријан и Канар аншене, открија дека на покривот на катедралата на главната кула биле поставени времено шест камбани на електричен погон, чиј краток спој на инсталацијата би можел да биде причина за пожарот, јави дописникот на МИА. Според двата неделници, кои се […]

Премиерката на Шкотска ќе го претстави планот за нов референдум за независност


Премиерката на Шкотска Никола Старџен денеска ќе претстави план за нов референдум за независност од Велика Британија. Планот, кој ќе го претстави пред парламентот во Единбург се однесува на „Брегзит и иднината на Шкотска. Во соопштението од нејзината канцеларија не се соопштува дали таа ќе го одреди и датумот за нов референдум. На референдумот во […]

(Видео) Телохранителите на Ким го „гланцаат“ возот пред од него да излезе лидерот


Телохранителите на Ким Џонг-ун, кои севернокорејскиот лидер го допратија денеска до Владивосток, повторно го привлекоа вниманието на светските медиуми. Додека блиндираниот зелен воз полека влегуваше во станицата, агентите на Ким, во црни костуми и бели ракавици во од ја „гланцаа“ вратата на возот, од која потоа излезе севернокорејскиот лидер. Кога возот запре, тиа поставија „мостче“, […]

Амал Клуни предлага формирање меѓународен суд за терористи


САД – Познатата адвокатка и борец за човекови права Амал Клуни предложи во Хаг да се формира меѓународен суд за терористи, во кој би им се судело на терористите од т.н. Исламска држава, кои извршија геноцид и злосторства против човештвото во Сирија и Ирак. Таа потсети дека претходно беа формирани слични меѓународни судови за воени злосторства […]

Компании за преработка на храна добиле писма со опасна содржина


Данската полиција истражува повеќе писма кои содржеле неидентификуван прав и закани, и кои биле испратени од Белгија во неколку компании за преработка на храна во Данска. Уфе Стормли  од данската национална полиција изјави дека во писмата има „опасна супстанца“ но не кажа други детали, затоа што истрагата е во тек. Данските медиуми јавија дека во […]

Путин „пушти“ подморница која може да носи нуклеарни глави и да предизвика цунами


Рускиот претседател Владимир Путин инаугурира нова подморница која може да носи нуклеарни боеви глави кои можат да предизвикаат разорно цунами. Путин денеска го посети военото бродоградилиште во Санкт Петербург каде го надгледуваше заминувањето на нуклеарната подморница до централата Севмаш во Северодвинск во северозападна Русија. Руската морнарица соопшти дека подморницата е наменета да носи дронови Посејдон […]