(Видео) Телохранителите на Ким го „гланцаат“ возот пред од него да излезе лидерот


Телохранителите на Ким Џонг-ун, кои севернокорејскиот лидер го допратија денеска до Владивосток, повторно го привлекоа вниманието на светските медиуми.

Додека блиндираниот зелен воз полека влегуваше во станицата, агентите на Ким, во црни костуми и бели ракавици во од ја „гланцаа“ вратата на возот, од која потоа излезе севернокорејскиот лидер.

Кога возот запре, тиа поставија „мостче“, кое ги спојува возот и црвениот килим на кој стапна Ким.

Тој потоа прошета по градскиот плоштад, каде му беше приреден пречек со оркестарот на гардата, а потоа седна во црна лимузина, опкружена со 12 телохранители. На снимките се гледа како севернокорејските агенци го забрзуваат одот и почнуваат да трчаат покрај лимузината со која се вози Ким.

Слични сцени можеа да се видат и за време на минатогодишната посета на Ким на Јужна Кореја.