Зелински повика за нови санкции кон Русија по одлуката за Доњецк и Луганск


Новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски денеска повика за нови меѓународни санкции против Русија, откако Москва одлучи да ја олесни процедурата за добивање руско државјанство за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск.

– Киев бара зајакнување на санкциите и дипломатскиот притисок против Руската Федерација, соопшти прес службата на Зеленски.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е неприфатливо жителите на украинските региони Доњецк и Луганск да немаат права.

Путин истакна дека Москва не сака да му создава проблеми на новото укаринско раководство.

Тој потпиша декрет за забрзано решавање на барањата за руско државјанство на Украинците кои живеат во Доњецк и Луганск.

Во денеска објавениот декрет на интернет страницата на Кремљ се наведува дека на луѓето кои живеат во овие два украинските региона ќе им се разгледаат барањата за помалку од три месеци.