Четврти ден по ред Бразил со повеќе од 50.000 новозаразени


Бразил – Четврти ден по ред во Бразил пријавува по повеќе од 50.000 нови случаи на заразени со коронавирус.

Бразилското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се пријавени 51.114 нови заразени, со што вкупниот број на заболени сега изнесува 2,39 милиона лица.

Според министерството, недела во земјката е евидентиран рекорден број новозаразени, 321.623, јави Си-Ен-Ен.

Во последните 24 часа се регистрирани и 1.211 смртни случаи, со што вкупниот број на умрени се зголеми на 86.449 лица.