Уапсена кинеска научничка во САД и однесена во затвор


 

Кинеска научничка уапсена е во САД под обвинение дека при поднесувањето барање за виза прикрила дека е поврзана со кинеската армија.

Таа е префрлена во окружниот затвор во Сакраменто, Калифорнија, а пред еден американски федерален суд треба да се појави во понеделник.

Како што јави Ап, 37-годишната Џуан Танг е последна од вкупно четири кинески научници кои од иста причина се уапсени во САД, а американските власти претходно го обвинија кинексиот конзулат во Сан франциско дека ѝ пружил засолниште.

Танг, која во САД дошла преку една студиска програма за размена со Кина, лажните тврдења за својата поврзаност со кинеската војска наводно прв пат ја изнела во октомври, кога поднела барање за виза поради ангажман на Универзитетот Калифорнија, а потоа и минатиот месец, во разговор со агенти на ФБИ.

Но, ФБИ подошна нашле фотографии на кои научничката може да се види во униформа на кинеската војска, а се смета дека таа по разгороот со агентите побарала засолниште во кинескиот конзулат.

Под сомнение дека ја прикривале својата поврзаност со кинеската армија се наоѓаат носители на американски визи кои живеат во повеќе од 25 градови во САД, наведува АП.

Кинескиот конзулат во Хјустон, Тексас, затворен е по обвиненијата на Вашингтон дека кинеските агенти се обиделе да украдат податоци за медицински и други истражувања, а како одговор на тоа, пекинг од Вашингтон побара да се затвори американскиот конзулат во кинескиот град Ченгду.