Постигнат е компромис со Унгарија за деблокирање на помошта на ЕУ за Украина


Белгија – Синоќа беше постигнат компромис за распределбата на средствата на Унгарија од ЕУ, со што се овозможи укинување на резервите на Будимпешта за доделување 18 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина во 2023 година, соопшти чешкото претседателство со Советот на Европската унија. „Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ начелно гласаа за помош од 18 милијарди […]

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години


САД – САД ќе и доделат 55 милијарди долари за Африка во следните три години, соопшти Белата куќа додека американскиот претседател Џо Бајден се подготвува за американско-африканскиот самит оваа недела во Вашингтон. На него тој ќе разговара со африканските лидери за изборите во 2023 година и за состојбата на демократијата. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече […]

Во Иран јавно обесен еден учесник на протестите


  Се зголемуваат стравувањата дека Иран се подготвува да погуби уште голем број демонстранти откако властите обесија 23-годишен маж на кран, во јавно убиство извршено помалку од еден месец откако беше уапсен и по тајно судење. Маџидреза Рахнавард беше осуден на смрт од страна на судот во градот Машхад, центар на протестите, за наводно убиство […]

Ослободениот трговец со оружје Виктор Бут им се придружи на руските ултранационалисти


  Рускиот трговец со оружје Виктор Бут, кој се врати дома минатата недела во размена на затвореници за американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер, се приклучи на про-Кремљ крајнодесничарската Либерално-демократска партија (ЛДПР), во потег што изгледа како да бара место во рускиот парламент. Во видеото објавено на Телеграм, лидерот на ЛДПР, Леонид Слуцки, кој стоеше до […]

СЗО предупредува на зголемен ризик од стрептококни инфекции кај децата


  Светската здравствена организација (СЗО) и здравственото тело на ЕУ (ЕДЦД) повикаа на будност, по зголемениот број сериозни заболувања кај децата по стрептококни инфекции од групата А. Во денешната заедничка изјава двете тела посочуваат дека Франција, Ирска, Холандија, Шпанија, Шведска и Велика Британија оваа година пријавиле зголемен број случаи на инвазивна стрептококна инфекција од групата […]

ЕП: Секогаш ќе има такви што мислат дека вреди да ризикуваат за вреќа пари


Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во денешното обраќање пред пратениците во Стразбур ги осуди наведените сомневања за случаи на корумпираност во европскиот законодавен дом. „Европскиот парламент, драги колеги, е нападнат. Европската демократија е нападната. Непријателите на демократијата, за кои самото постоење на овој Парламент е закана, нема да запрат пред ништо“, истакна таа. „Тие […]

Три деца загинаа во замрзнато езеро во централна Англија


Англија – Три деца загинаа откако пропаднале во замрзнато езеро во централна Англија, каде времето е многу студено, со мраз и обилни врнежи снег.   Момчињата на возраст од осум, десет и 11 години синоќа биле извадени од езерото во Солихал, во близина на Бирмингем, но за нив немало помош, соопшти денеска полицијата, додавајќи дека четвртото […]

Ватикан сака да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина


  Ватикан би можел да биде соодветно место за преговори за завршување на војната во Украина, изјави државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, јави Мина. -Нашата желба е да понудиме простор каде што страните би можеле да се сретнат и да почнат дијалог без никакви претходни услови, каде што самите ќе треба да го […]

Три лица, од кои двајца полицајци, убиени во пукотница во Квинсленд


 Тројца мажи, од кои двајца полицајци, се убиени во пукање во затскриен имот во Квинсленд, во Австралија. Во моментот на пукањето, на имотот имало четворица полицајци, кои реагирале на пријава за исчезнато лице во Виамбила, јавува Би-Би-Си. Полицијата се уште не соопштува детали за тоа како дошло до пукањето. На прес-конференцијата само кажаа дека сторителите […]

ИЕА: На Европската унија и се заканува недостиг од гас наредната зима


Европската унија има доволно гас за оваа зима, но може да се соочи со недостиг следната година доколку Русија дополнително го намали снабдувањето, предупреди денеска Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) и ги повика владите на државите-членки да дејствуваат побрзо за заштеда на енергија и да ја прошират употребата на енергија од обновливи извори.Иако Русија оваа […]

Патник во САД убил жена – возач на Убер, па објавил видео на Фејсбук


Патник со нож, ндо смрт избодел жена – возач на Убер – во Њу Орлеанс, а потоа објавил видео на Фесјбук, додека жената умирала, соопшти полицијата. Шерифот Џозеф Лопинто, вели дека жртвата имала 54 години, се вика Јоланда Дилон, а најдена е во возилото со повеќе убодни рани по телото. Жртвата итно е пренесена во […]

Кремљ: Путин нема да ја одржи традиционалната прес-конференција на крајот на годината


Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината, соопшти денеска Кремљ. „Нема да има“ претседателска прес-конференција до почетокот на новата година, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на телефонски брифинг, истакнувајќи дека Путин разговарал со новинарите и во други прилики, особено за време на неговите патувања во странство. […]

Гувернерот на Бали до туристите: Нема да го проверуваме вашиот брачен статус


Посетителите на Бали не мора да бидат загрижени поради новиот индонезиски закон кој вклучува забрана на вонбрачен полов однос, соопшти денеска гувернерот на тој остров. Индонезискиот Парламент минатата недела изгласа контроверзен закон кој забранува и соживот на невенчани двојки. Во обид да не ги одврати посетителите, гувернерот на познатата туристичка дестинација Бали, Вајан Костер вчера […]

Прво силна експлозија, па пукање во центарот на Кабул


Вооружени луѓе пукаа денеска кон зграда во центарот на Кабул во која сите биле странци, велат за Ројтерс два талибански извори. Жителите на населбата Шар-е-Нав во центарот на Кабул велат дека пукањето во областа се случило по силна експлозија, пренесе Ројтерс. Велат дека нападот е изведен врз хотел во кој обично престојуваат Кинези и други […]

ЕП се справува со најшокантниот корупциски скандал, летаат „глави“


Штотуку откриениот скандал во Европскиот парламент  би можел да биде „најсериозниот“, „најшокантниот“ и „најстрашниот“ корупциски скандал што го погодил Брисел во последните години. Во низа од најмалку 16 рации на белгиската федерална полиција беа приведени пет лица за кои рекоа дека извршиле „прекршоци за криминална организација, корупција и перење пари“. Во утринските претреси беа одземени […]

Борел загрижен од истрагата за корупција во ЕП


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека истрагата на Белгија за наводна корупција во Европскиот парламент е „многу загрижувачка“. – Секако дека веста е многу загрижувачка. Се соочуваме со некои настани, некои факти кои секако ме загрижуваат како поранешен претседател на Европскиот парламент, изјави Борел по пристигнувањето на […]

Франција: Приведени 170 луѓе за време на прославата на победата на Мундијалот


  Во Франција, во текот на викендот, се приведени 170 лица за време на прославата на победата на мароканската и француската репрезентација на Светското фудбалско првенство во Катар, објави весникот Паризијен. Инцидентите избувнаа во саботата доцна навечер откако Мароко и Франција влегоа во полуфиналето на Светското првенство, додава весникот, наведувајќи дека во Париз се приведени […]

Британците: Русија ја повтори целта – тоа сега не е можно


  Британското министерство за одбрана го објави новиот извештај за војната во Украина. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на 8 декември ги повтори целите на „специјалната воена операција“. Рече дека една од главните цели на Русија е да го „заштити“ народот на Донбас и југоисточна Украина, но утврди дека има уште многу работа до […]

Аеродромите во Лондон ги откажуваат или одложуваат летовите поради лошото време


  Сите летови се откажани на лондонскиот аеродром Станстед откако писата е затворена поради лошото време. Од аеродромот вчера соопштија дека неговата единствена писта е затворена, за да се овозможи чистење на снегот и дека сите летови се откажани. Аеродромите Хитроу и Гетвик исто така ги откажаа или одложија летовите откако снег, замрзнат дожд и […]

Белгиската полиција протестира против владата, еден месец нема да пишува казни


Белгија– Четири полициски синдикати најавија дека од 15 декември до 15 јануари се бара полицајците да ги сведат казните на минимум во знак на протест против владата. Синдикатите бараат од полицајците да одговорат на „нерепресивен начин“ во случај на прекршување од страна на автомобилистите, како и да ги намалат контролите за присуство на алкохол во крвта […]