Разрешен министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников

На негово место ќе дојде досегашниот шеф на воената разузнавачка агенција Кирило Буданов


Алексеј Резников повеќе не е министер за одбрана на Украина, јавија вечерва агенциите.
Како што соопшти вечерва АФП, на негово место ќе дојде поранешниот шеф на воената разузнавачка агенција Кирило Буданов.

Претходно, украинските медиуми денеска објавија дека украинскиот министер за одбрана наскоро треба да си замине од функцијата и дека наместо него, најверојатно со министерството ќе раководи Кирило Буданов, шефот на Разузнавачката служба на Украина (ДИУ).

– На Кирило му е многу тешко да ја напушти ДИУ, не сака да се пресели во Министерството за одбрана бидејќи разбира дека тоа е огромна бирократска машина. Нема повеќе време да размислува за тоа – рекол неименуван извор од агенцијата за безбедност.

Министерот за одбрана во интервју за „Украинска правда“, кое ќе биде објавено наскоро, ја коментирал можноста за негова оставка.

– Не водев никакви дискусии во врска со мојата оставка од оваа функција. Ќе го повторам мојот одговор и за другите медиуми: Секој функционер треба да разбере дека не е на функција доживотно. Мора да ја започне фазата и да ја заврши – рече Резников.