На подрачјето во Сирија погодено од земјотресот 4 милиони луѓе живеат од хуманитарна помош


Регионот на северзападна Сирија, кој беше погоден од смртоносниот земјотрес, има 4,1 милиони луѓе кои се потпираат на хуманитарна помош, според канцеларијата оа обединетите нации за координација на хуманитарните работи OCHA.

Повеќето се жена и деца, а покрај разорениот терен по земотресот, сириските бегалци се борат со моментална епидемија на колера, во услови на остра зима проследена со силен дожд и снег, во текот на викендот, додаваат од OCHA.

Инаку, во Сирија досега од земјотресот загинале најмалку 968 луѓе, а повредени се преку 11.000. Од нив на подрачјето под режимот на Башар Ал Асад се забележани 538 мртви, додека на подрачјето под контрола на опозицијата забележани се 430 смртни случаи.