Групата „Вагнер“ го почна вториот бран на регрутирање во руските затвори


 

Претставниците на платеничката група „Вагнер“ започнаа нова кампања за регрутирање затвореници во руските затвори. Како што забележува „Медиазона“, новиот обид за надополнување на редовите на платеници во армијата на Евгениј Пригожин оди потешко од летното регрутирање: овој пат, осудениците се помалку подготвени да се борат.

Регрутерите на „Вагнер“ пристигнуваат во колонијата, од каде што веќе се земени затвореници во лето и на есен. Во исто време, Пригожин, повеќе не агитира лично кај осудениците, туку ги испраќа своите подредени.

„Првиот пат кога пристигнаа на почетокот на октомври, а заминаа [беа регрутирани] на 23 октомври, повеќе од 300 луѓе. Вториот пат дојдоа на крајот на декември, а на 6 јануари исто така заминаа, но само околу 20 луѓе заминаа“, рече затвореник од Урал.

Односот кон изгледите за војување е променет и кај самите осуденици. Првично, тие беа подготвени да одат на фронтот во замена за помилување, но вестите и разговорите со регрутите ги убедија дека можноста да се вратат живи е мала. Според соговорникот на „Медиазона“, претходните методи за убедување на „вагнеритите“ веќе не функционираат кај затвореницит, затоа што оние што го вршат регрутирањето не можеле да одговорат колку од рие што заминале на фронтот се вратиле живи.

Во обид да ја вратат довербата, медиумите поврзани со Пригожин почнаа да зборуваат за затворениците кои успешно се вратија на слобода по шест месеци од војната и да објавуваат интервјуа со нив.