Герајнт Томас победи на „Тур де Франс“


Британецот Герајнт Томас го освои 105-тото издание на „Тур де Франс“. За 32-годишниот натпреварувач на „Скај“ ова беше прва победа во било која од големите три велосипедски тури во светот – оние на Франција, Италија и Шпанија. Томас, кој е двократен олимписки шампион, ја заврши со главната група денешната 21-ва етапа од турнејата, во кој […]

Хамилтон: Ферари беа побрзи, но ние ги земавме бодовите


Луис Хамилтон беше видливо задоволен по неговата шеста победа на „Хунгароринг“. Мерцедес ја контролираше трката цело време и не им даде можност на Ферари да ја покажат својата предност. На патека која не нуди многу можности за претекнување, клучно се покажа освојувањето на пол-позицијата. Хамилтон ги искористил дождливите временски услови и со Ботас започна од првиот […]

Федерер: Не знам дали можам повторно да бидам број еден


Вториот светски рекет Роџер Федерер го пофали неговиот колега Рафаел Надал, но исто така зборуваше и за потенцијалното враќање во првото место во светот. Во интервју за „Блик“, Федерер зборуваше за освојувањето на два „Лауреус“ награди оваа година, за Надал, но исто така и за важноста на првото место на АТП листата. Надал на „Вимблдон“ стигна […]

Навивачите на Реал сакаат Кејн да го замени Роналдо


Приврзаниците на Реал Мадрид го посочија својот фаворит за заменик на Кристијано Роналдо, кој го напушти „Сантијаго Бернабеу“ за да потпише со италијански Јувентус. Во анкетата на шпанскиот весник „Марка“, во која учество зедоа повеќе од 200.000 фанови, повеќе од 50.000 од нив дадоа го дадоа својот глас за капитенот на англискиот национален тим и […]

Јунајтед го продава Марсијал само под еден услов


Тимот на Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Антони Марсијал, но само под еден услов. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го привлечат Иван Перишиќ од Интер пред да му дозволат на францускиот напаѓач да премине во друг тим, тврди „Мирор“. Од Јунајтед инсистираат да добијат барем 70 милиони фунти за 22-годишниот играч и преферираат тој […]

Роналдо стартува против Киево во првото коло на Серија А


Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го направи своето официјално деби во дресот на „бјанконерите“ во Серија А против Киево, определи ждрепката за новата сезона во Италија. Вицешампионот за минатата сезона Наполи, кој веќе има и нов тренер во лицето на Карло Анчелоти, тргнува со гостување кај Лацио во главниот град Рим. Милан во првиот […]

Македонија ја совлада Украина за полуфинале на ЕХФ шампионатот во Скопје


Машката младинска репрезентација на Македонија ја совлада Украина со 28:27 и обезбеди пласман во полуфиналето на ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје. Во драматичен натпревар со многу резултатски осцилации избраниците на селекторот Данило Брестовац се консолидираа во клучните моменти и го добија решавачкиот натпревар. Со оваа победа Македонија има […]

Шаќири: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите


Новото засилување на Ливерпул, Џердан Шаќири, изјави дека има големи очекувања со англискиот тим во следната сезона. – Се надевам дека тоа ќе можам да го повторам, бидејќи знам какво е чувството да се освои Лигата на шампионите. Мислам дека можеме тоа да го оствариме. Квалитетен тим сме, особено со новите играчи кои дојдоа во […]

Севиља објави два трансфера


Севиља привлече двајца дефанзивци – Серхи Гомез од Селта и Жорис Гнанон од Рен. Двајцата играчи се пријавени во УЕФА за првиот натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на Европа против унгарски Ујпеш. Севиља плати 5 милиони евра на Селта за Гомез. Договорот на 26-годишниот фудбалер е до летото 2022 година. Тимот плати 15 […]

Мората подготвен за трансфер во Милан


Алваро Мората се согласил да ја продолжи својата кариера во Милано, но Челзи сака сума од 65-70 милиони евра за шпанскиот напаѓач, што во моментов не е во силите на „росонерите“, тврди „Скај Италија“. Милан сака да привлече врвен напаѓач до крајот на летниот трансфер прозорец. Другиот играч кој е во видното поле на „росонерите“ […]

Гатузо се насмеа на информацијата дека ќе биде отпуштен


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо се насмеа на веста дека ќе биде отпуштен од претседателот Паоло Скарони. Гатузо го презеде Милан минатата година кога го смени од тренерската позиција Винченцо Монтела. Минатата сезона, Гатузо го пласираше тимот на шесто место во Серија А. Во последниве денови, беше објавено дека Антонио Конте ќе го промени популарниот […]

Тенисерот Цонга тајно се ожени


Франција-Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга (33) се ожени со долгогодишната девојка, швајцарската манекенка Нура Ел Швек. Двојката е во врска од 2014 година, а лани го добија синот Шугр. Свадбата била во замок, во Франција, во присуство на семејството и колегите-тенисери. Некогаш славниот тенисер меѓу првите десет на светот, сега според АТП листата е рангиран на […]

Федерер: Да не беа навивачите, ќе се повлечев пред шест години


Швајцарија-Швајцарскиот тенисер Роже Федерер истакна дека големата поддршка на навивачите ширум светот е една од причините поради кои се уште игра тенис. – Навивачите ми се исклучително важни во текот на кариерата, се чуствувам како дома каде и да одам, а тие ми помагаат да ги пребродам тешките порази. Тие се една од причините поради […]

Олимпик Марсеј се соочува со едногодишна суспензија поради навивачите


На Олимпик Марсеј му се заканува едногодишна суспензија од европските натпреварувања, доколку однесувањето на неговите навивачи не се подобри. Европската фудбалска унија соопшти дека францускиот клуб првиот натпревар во Лига Европа на домашен терен ќе го игра без навивачи и дека ќе плати казна од 100.000 евра. Олимпик Марсеј е казнет за безредијата што ги […]

Адеми со два гола го дотолчи Хапоел


Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми постигна два гола во високата победа на неговиот Динамо против израелскиот шампион Хапоел Бер Шева (5-0) во квалификациите од фудбалската Лига на шампиони. Адеми, кој ја носеше капитенската лента, погоди во второто полувреме, стрелец беше на третиот и на четвртиот погодок во период од само 11 минути. Во листата на […]

Македонија убедливо ја совлада Швајцарија на ЕХФ шампионатот во Скопје


Машката младинска репрезентација на Македонија убедливо ја совлада Швајцарија со 30:24 на ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје. Избраниците на селекторот Данило Брестовац уште од почетокот на натпреварот успеаа да вопостават контрола над играта и во првото полувреме имаа постојано водство, а на паузата заминаа со солидна предност од […]

Малком наместо во Рома заврши во Барселона


Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека е постигнат договор за трансфер на Малком Филипе Силва де Оливеира од Бордо за сума од 41 милион евра. Иако, во понеделникот Бордо и Рома постигнаа договор за трансфер вреден 36 милиони евра, каталонскиот клуб во последен час успеа да го наговори 21-годишниот бразилски фудбалер и да го доведе во […]

ФИФА ги објави кандидатите за најдобар играч


Светската фудбалска федерација ФИФА го објави списокот со кандидатите за наградата „Најдобар играч“ за 2018 година. За ова престижно признание конкурираат десет играчи, а при изборот се смета периодот од 3 јули 2017 до 15 јули 2018 година. Меѓу кандидатите за играч на годината се најдоа: Кристијано Роналдо (Португалија/Реал Мадрид), Кевин де Брујне (Белгија/Манчестер Сити), […]

Пирло: Јувентус со Роналдо може да дојде до трофејот од ЛШ


Поранешниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека со доаѓањето на Кристијано Роналдо може да се очекува клубот од Торино конечно да дојде до трофејот од Лигата на шампионите. – Среќен сум поради тоа што Роналдо дојде во Јувентус. Купувањето на таков играч автоматски не носи титула, но секако ве приближува до целта. Тој е […]

Тони Паркер по 17 години во Сан Антонио премина во Шарлот


Францускиот кошаркар Тони Паркер официјално стана дел од Шарлот хорнетс, откако потпиша двегодишен договор со тоа што втората година не е загарантирана. Тоа значи дека Шарлот следното лето има право да одлучи дали ќе ја активира втората половина од договорот. Доколку се реализира комплетниот договор, Паркер за двете сезони ќе заработи 10,25 милиони долари. Тој […]