ПСЖ: Јувентус ни е главен конкурент за титулата во ЛШ


Претседателот на ПСЖ Насер ал Келаифи изјави дека сезонава очекува Јувентус да биде главен конкурент на неговиот клуб за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Клубот од Торино летово го ангажираше Кристијано Роналдо, а Јувентус според Ал Келаифи со доаѓањето на португалскиот фудбалер сега е меѓу фаворитите за титулата.

– Јувентус со Роналдо е наш главен конкурент за титулата. Честитам, истакна првиот човек на ПСЖ.

Реал Мадрид со Роналдо минатата сезона ја освои Лигата на шампионите. Реал во финалето го совлада Ливерпул, а во претходните фази ги елиминираше ПСЖ и Јувентус.