Раул Гонзалес избран за најдобар тренер во ЛШ од своите колеги


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес е прогласен за најдобар тренер во Лигата на шампиони од страна на неговите колеги.

Поранешниот тренер на Вардар и актуелен на ПСЖ повторно беше избран од европските тренери, откако ја доби наградата и година претходно. Тој доби 18 гласа „за“ и за еден глас го победи тренерот на Монпелје, Патрис Канаје.

Тренерите, 28 на број, изгласаа и идеален тим, а на списокот се најдоа двајца поранешни играчи на „црвено-црниот“ тим. За најдобар голман е избран Арпад Штербик, кој сега настапува за Веспрем, додека најдобар централен бек е Лука Циндриќ, кој од сезонава е член на Кјелце.

Според правилата, тренерите не смеат да гласаат за играчи од својот тим.