Роналдо е нонстоп во теретана, Меси не вежба ни прием на топка


Аргентинскиот напаѓач, Карлос Тевез, кој со Роналдо играше во Манчестер јунајтед, а со Меси за репрезентацијата, ги спореди овие двајца најголеми фудбалери на денешницата и објасни во што е разликата.

Меси никогаш не сум го видел во теретана. Дури и не сум го видел да тренира примање топка или слични вежби. Тој тоа природно го прави, таков е. А, претходно не тренираше и изведување слободни удари. Ама откога почна да ги вежба, ги забива во агол. Со Роналдо, пак, е друга приказна. Тој по цели денови е во теретана, тоа може да го каже секоја жена што го видела гол. Тоа му е опсесија, мора да биде најдобар во сите… Имаме тренинг во 9 часот, доаѓаш во 8, ‘лудакот’ е веќе таму. Доаѓаш во 7:30 часот, а тој е таму. Што треба да направиш за да стигнеш пред него? Еднаш дојдов во 6 часот, типот пак беше таму. Ма дај…“, вели Тевез.