Ривалдо: Бејл и Бензема ќа ја пополнат празнината по заминувањето на Роналдо


Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо смета дека Реал Мадрид ќе успее со Герет Бејл и Карим Бензема да ја пополни празнината по заминувањето на Кристијано Роналдо.

– Тимот добро се снаоѓа и без Роналдо и сега веќе не мора да жалат за неговото заминување. Неговото отсуство ќе се чувствува во почетокот на сезоната, но почнуваат добро да играат и без него, а остваруваат и солидни резултати, истакна Ривалдо, кој значаен дел од кариерата помина во Барселона.

Тој потенцира дека Реал е силен клуб, а тоа се гледа од начинот на кој Бејл и Бензема ги поделиле обрските околу Роналдо.

Легендарниот бразилски фудбалер очекува мадридскиот клуб да оствaри победа на претстојното гостување кај Атлетик Билбао.