Ивановски: Не можеме преку ноќ да добиваме 5-0 како Барса


Македонскиот напаѓач, Мирко Ивановски конечно даде гол од игра за неговиот Хајдук. Тој стрелаше во второто полувреме од саботниот меч против Рудеш, кој сплиќани го добија со 3-1. Ова е прва победа на поплуларните „били“ во седмиот натпревар од хрватскиот шампионат. Поради големата криза, отказ доби тренерот Копиќ, а на негово место дојде легендардниот Зоран Вулиќ. И веднаш стартуваше со победа, со која Хајдук се доближи до средината од табелата.

„Исполнивме се што бараше тренерот од нас. Не е ова правата игра на Хајдук, но не можеме преку ноќ да победуваме со 5-0 како Реал и Барселона. Секој тренер носи своја филозофија и сигурно ќе има уште промени. Како сум задоволен од своите игри? Па, во целина не сум, но сега играв добро. Од напаѓачите се бара да влегуваат во шанси и да даваат голови. Навикнат сум на тоа. Знам што е ми е работа“, изјави Ивановски.

Како и сите други играчи, така и Ивановски е цел на критика на навивачите, кои се незадоволни од лошото влегување во сезоната. Ова му е втор гол во седумте кола, претходниот го постигна од пенал против Славен Белупо.