(Видео) Кириос влезе во конфликт со гледач на трибините во Мајами


Австралискиот тенисер Ник Кириос уште еднаш покажа дека се наоѓа во добра форма. И не зборуваме толку за неговата игра, иако во моментов е безгрешен во Мајами, колку за однесувањето на теренот кон ривалите и публиката. Минатата недела, гневниот Кириос ги фрли патиките на трибините за време на натпревар, а денес тој си дозволи уште […]

Зидан подготвил 85 милиони евра за Мане


Зинедин Зидан продолжува со селекцијата и според медиумите во Шпанија, ова лето тој ќе се обиде да го привлече најдобриот стрелец на Ливерпул – Садио Мане. Французинот е импресиониран од 26-годишниот фудбалер на „црвените“ и, според „Марка“, веќе подготвува понуда од 85 милиони евра. Се верува дека трансфер цел број 1 на Зизу е Еден […]

Реал ќе понуди 280 милиони евра за Мбапе


Актуелниот европски шампион Реал е подготвен да понуди за напаѓачот на ПСЖ и француски репрезентативец Килијан Мбапе 280 милиони евра, пишува „Франс Фудбал“. Како што е наведено, мадридскиот фудбалски гигант има намера наскоро да влезе во активни преговори за трансферот на еден од најдобрите млади фудбалери. Претходно беше објавено дека раководството на Реал е подготвено […]

Во Скопје првпат ќе се вози Ендуро крос паралелна трка


Клубот МК Ендуро Тим Водно – Скопје ќе биде организатор на Ендуро/крос паралелна трка која насекаде важи за една од нај атрактивните трки како за возачите така и за публиката. – Се работи за трка на која тројца или четворица натпреварувачи стартуваат истовремено а победник е тој што прв ќе стигне на целта.Трката се одвива […]

Мурињо со свој став: Мбапе вреди повеќе од Меси, Роналдо, Нејмар…


Реал Мадрид вршеше пресинг, се споменуваше Јувентус, англиските клубови се платежно моќни, но никој нема толку пари, трпение или преговарачки моќи за да го одведе Килијан Мбапе од „Паркот на принцовите“. Барем така смета Жозе Мурињо, карактеризирајќи го крилниот напаѓач на ПСЖ како највредната роба на светскиот фудбалски пазар и им порача на сите заинтересирани […]

Виз ер Скопски маратон на 4 мај во Скопје


Виз ер Скопскиот маратон ќе се одржи на 4 мај во Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт. Заинтересираните за учество во маратонот може да се пријават на официјалната веб страна на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/.   Во врска со 15-тото јубилејно издание […]

Ѓоковиќ избори осминафинале на Мастерсот во Мајами


САД – Првиот светски рекет Новаќ Ѓоковиќ се пласира во осминафиналната фаза на Мастерс турнирот во Мајами, САД, откако синоќа во три сета го победи Аргентинецот Федерико Делбонис. Во меч кој траеше два часа, Србинот ги доби првиот и третиот сет со 7:5, односно 6:1, а го загуби вториот со 4:6. – Требаше да одиграм подобро, како […]

Еурофарм Работник доживеа пораз од Хановер на домашен терен во ЕХФ Купот


Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз ги завршија настапите пред својата публика која вечерва во Битола спортски го поздрави подобриот тим на Хановер од Германија. Гостите во текот на целиот натпревар беа подобри, на моменти водеа и со 13 голови разлика, а на крајот од средбата презентираа и ракометни мајстории. Најефикасен на натпреварот беше шпанскиот […]

Ангеловски: Подготвени влегуваме во дуелот со Словенија


Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, на  прес-конференција пред утрешниот наптревар против Словенија во квалификациите за ЕП 2020 изјави дека во тимот владее одлична атмосфера по победата над Летонија во четвртокот, како и дека се подготвени за дуелот на „Стожице“. Репрезентативците денеска го одржаа и официјалниот тренинг пред вториот натпревар од квалификациите. Поради […]

Одлична игра на Вардар, со девет разлика го прегази Загреб


Вардар вечерва одигра одлично против Загреб на гостински терен во рамките на првата осминафинална пресметка во Лигата на шампиони. Интересно е што Европската ракометна федерација го прогласи вечерашниот меч за натпревар на неделата, меѓутоа Вардар не дозволи неизвесност и во голем стил водеше од почетокот до крајот на натпреварот. Македонскиот првак после првите 30 минути […]

Доминација на Вардар во првото полувреме, води со 14:6 против Загреб


Вардар игра одлично во првото полувреме против Загреб на гостински терен, во рамките на првата осминафинална пресметка во Лигата на шампиони. Македонскиот првак после првите 30 минути води со 14:6. Вардар и Загреб се сретнаа и пред четири недели во рамките на СЕХА, кога скопјани на домашен терен победија со 28-26. Во првиот меч во […]

Ѓоковиќ во третиот круг, Нишикори елиминиран од Лајовиќ во Мајами


Шесткратниот шампион Новак Ѓоковиќ (Србија) се квалификуваше за третиот круг на „Мастерс“ турнирот во Мајами со награден фонд од 8,36 милиони долари. Ѓоковиќ, кој е број 1 на светската АТП листа и лидер во главната шема на турнирот, го победи Бернард Томиќ (Австралија) со 7:6 (2), 6:2 за 74 минути игра. Во третиот круг, Србинот […]

Објавен списокот на плати на играчите во Манчестер јунајтед


Англискиот весник „Мирор“ откри колку плата добива секој играч од првиот тим на Манчестер jунајтед. Податоците ја потврдија информацијата огромниот надоместок, кој му се дава на Алексис Санчез, кој е најскапиот не само во моментот, туку и во историјата на „црвените ѓаволи“. Чилеанецот, кој, според многумина, не ја оправдува својата плата на кој било начин, […]

Вардар во Загреб прави подлога за Скопје


Европската ракометна федерација го прогласи вечерашниот меч од Лигата на шампионите меѓу Загреб и Вардар (20.30 часот) за натпревар на неделата, очекувајќи дека дуелот меѓу старите ривали ќе биде највозбудлив во осминафиналната пресметка. Традицијата на двата тима, кои во минатото беа и европски шампиони, исполнетата Арена што има капацитет од 15.200 места, како и квалитетот […]

Елмас: Горд сум што сум Македонец!


Стрелецот на два гола во синоќешната победа на Македонија над Летонија со 3:1 – Елиф Елмас, на социјалната мрежа Фејсбук по вчерашната одлична партија напиша дека е горд што е Македонец, и го поздрави Горан Пандев, кој го одигра јубилејниот 100-ти натпревар во „жолто-црвениот“ дрес. Елмас влезе во игра во 23-тата минута на местото на […]

Хасани поради повреда го пропушта мечот со Словенија


Македонскиот фудбалски репрезентативец Ферхан Хасани поради повредата здобиена на синоќешниот натпревар против Летонија нема да биде во составот на нашата репрезентација за пресметката против Словенија. Фудбалерот од средниот ред има скинато мускулно влакно и поради тоа не е во можност да настапи на натпреварот во Љубљана. Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Игор Ангеловски нема да […]

УЕФА попушта: Новата Суперлига гарантира 900 милиони евра годишно за секој учесник


Новата Суперлига, која се очекува да ја замени Лигата на шампионите, ќе гарантира приход од 900 милиони евра годишно за секој тим, кој има загарантирано постојано учество. Оваа сума не ги вклучува износите кои тимовите ќе си ги поделат од наградниот фонд. Еволуцијата на Лигата на шампионите е резултат на детални консултации со учеството на […]

Бријаторе не верува во Ферари: Немаат никаква промена од лани, тешко ќе дојдат до титулата


Флавио Бријаторе е на мислење дека Ферари едвај ќе ја освои светската титула во Ф1 во 2019-та. Многумина очекуваат италијанскиот тим да покаже сила во следниот старт во Бахреин, бидејќи доминираа за време на зимските тестови, и се чини дека се во состојба да го поразат Мерцедес. Но поранешниот шеф на Рено не е толку […]

Македонија со победа ги почна квалификациите за ЕП 2020


Македонија ја порази Летонија со 3:1 во натпревар од групата „Г“ за квалификациите за ЕП 2020. Средбата на Градскиот стадион во Скопје ќе се запамети по фактот дека тоа беше 100-тиот меч во националниот дрес на легендата Горан Пандев. „Жолто-црвените“ отворија во 11-тата минута по гол на Езѓан Алиоски по асистенција на Пандев. Во 29-тата […]

По половина час Македонија води 2:0 со Летонија


Само 11 минути и беа доволни на фудбалската репрезентација Македонија да го отвори резултатот на првиот квалификациски меч за ЕП 2020 против Летонија. Капитенот Горан Пандев повлече контра и по лево му сервираше топка на Езџан Алиоски кој му ја протна топката на голманот. Македонија тргна офанзивно во мечот, па првата сериозна шанса, Алиоски успеа […]