Ван Дајк: Меси е класа, но ќе сториме се за да продолжиме напред


Централниот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека тој и неговите соиграчи ќе сторат сé за да се спротивстават на тимот на Барселона во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Првиот натпревар заврши со 3: 0 во корист на Каталонците, но Ван Дајк останува оптимиста за реваншот.

– Видовме колку е тешко против класа тим како Барселона. Тие се на целиот терен, но ние покажавме на моменти дека можеме да создадеме навистина добри шанси за реализирање на гол и да им ги отежнимеработите. Тие ќе имаат уште класа во составот преку Лионел Меси, но ние ќе даде се од себе за да продолжиме напред, изјави Холанѓанецот пред големиот реванш во утревечер.