Солскјер: Не заслуживме место меѓу првите четири во Премиер лигата


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изрази разочараност од нерешениот резултат со Хадерсфилд (1:1) во натпреварот од претпоследното коло во првенство во Англија.

По овој натпревар, МЈ ја загуби шансата да влезе во Лигата на шампионите.

– Боли кога не можеш да победиш ваков натпревар. Му подаривме на противникот надеж и не собравме сили да се вратиме на потребното ниво. Премногу често ги пропуштавме топките кои лесно можеа да се избегнат. На ова треба да обрнеме внимание, тоа треба да се подобри следната сезона. Ние сме разочарани, но мора да погледнеме напред. Сфатив дека Хадерсфилд ќе добие шанса со таква поддршка од навивачите. Ние не заслуживме да бидеме во првите четири, иако имавме шанса. Борбата за ЛШ беше тесна. Кога имавме шанси, не ги користевме, рече Солскјер.

Ние не живееме во свет на фантазии. Знаеме дека сме далеку зад најдобрите два тима. Но, не треба да се каже дека сме многу далеку од првите четири. Ова е предизвик за нас, додаде норвешкиот тренер.