Мотив повеќе за играчите на Манчестер Сити – Ќе поделат 15 милиони фунти ако ги освојат ФА Купот и Премиер лигата


Британското издание на „Телеграф“ објави информации за бонусот, кој ќе го добијат играчите на Манчестер сити во случај на победа во Англиското првенство и во ФА Купот.

Освен трофејот, фудбалерите на Манчестер Сити ќе имаат и дополнителен мотив да ги освојат Премиер лигата и ФА Купот до крајот на сезоната. Ниту еден англиски клуб во историјата не успеал да ја освои тројната круна во англискиот фудбал, а „Граѓаните“ се на добар пат да го направат тоа. Ако успеат, ќе добијат 15 милиони фунти да ги поделат меѓу себе.

Тимот се бори за титулата шампион на Англија, а исто така стигна до финалето од ФА купот каде што ќе игра со Вотфорд, додека првиот трофеј, оној во Лига Купот, одамна е во витрините на Манчестер Сити.

Посебен бонус имале за освојување на Лигата на шампионите кој ќе им донесеше точно 1.000.000 фунти на секој играч, пренесува „Телеграф“, но Манчестер Сити беше елиминиран во четврт-финалето од Тотенхем.

Вечер од 21 часот Сити се среќава со Лестер во 37-то коло од Премиер лигата, ако победи ќе се врати на првото место и завршните 90 минути од сезоната ќе ги чека пред Ливерпул.